X
 07.10.2016 Кариера

Презентација на CareerLaunch како да направите функционална чет апликација за 2 часа!

Летз е првиот македонски стартап кој неодамна доби инвестиција од 100.000 Еур од SC Ventures. Чет-бот платформите уживаат голема популарност во последно време, па така инвестицискиот фонд South Central Ventures го препозна потенцијалот и способноста на Летз и ја пружија нивната поддршка на овој добар тим, кој развива продукт од оваа сфера.



Оваа година Летз ќе биде дел од CareerLaunch настанот на кој шанса ќе имаат неколку стартапи да се претстават себе си и својата работа, а од друга страна да ги ловат младите, амбициозни и талентирани студенти. На овој настан ќе избегате од монотонијата и ќе имате можност да ѕирнете одблизу како стартапите работат и што сé можат да понудат кој ќе се одржи во Public Room.

Летз овој пат ги изненадува учесниците со кратка двочасовна обука за креирање чет апликација! Учесниците во рамките на CareerLaunch настанот, кои ќе се пријават на Летз обуката за чет апликација, ќе имаат можност да видат и научат како да ја направат апликацијата супер функционална и тоа понатаму да го користат во своето работење. Учесниците ќе бидат постојано директно вклучени во создавањето на апликацијата и ќе бидат интерактивно вклучени во истата.

Оваа обука ќе ја држат Мартин Анчевски кој детално ќе го објаснува овој процес и Викторија Анчевска која паралелно ќе ја работи апликацијата. Целиот процес ќе го гледате на голем екран и не заборавајте да си понесете тетракта и пенкало! Дефинитиво ќе мате доста за пишување од ова предавање на веќе експертите во ова поле. Обуката ќе се одржи на 13ти Октомври со почеток во 17:15 до 19:00 Часот во Public Room.

Целта на настанот со ваква содржина е да ве подобри вас и да го збогати вашето знаење со барем една плус вештина! Покрај ваквата можност овозможена од Летз, целокупниот настан CareerLaunch е од богата содржина со гости спикери - основачи на едни од најуспешните стартапи во Македонија.

За учество на обуката на Летз за чет апликацијата (17:15 - 19:00) може да се пријавите тука.
Се гледаме на 13ти Октомври во Public Room! :)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Кариера