X
 08.10.2016 Образование

Одговор на писмото од српската професорка: Денешните млади живеат во свет што Вашата генерација го создала

Неодамна објавенто писмо од професорката Љубинка Боб Недиќ во кое вели дека генерациите се сé полоши и полоши, доби одговор.

учителка и ученичка


„Почитувана професорке Недиќ, го прочитав Вашето писмо и од прва тотално се согласував со Вас. Додекa читав, кимав со главата во знак на оддобрување. Но, потоа почна да ми се јавува чувство на неудобност, чувство на непокор и несогласување со она што е пред моите очи. Направив пауза па го прочитав уште еднаш – се запрашав како е можно да се согласувам со тоа што го читам, а патем и тоа да ми буди чувство на негодување и гадење, што ми се јавува обично додека гледам некој од нашите почтувани политичари на ТВ? Дури денес додека ги читав тие приказни од 5 октомври, сфатив што ми пречи и морам да Ви кажам. Со најдобра намера.

Наместо да понудите решение, само кажавте што е проблемот

Ми пречи што Вие, како претставничка на интелектуалната елита, која и притоа треба да едуцира деца , се спушти на ниво на просечен коментатор на социјалните мрежи. Наместо да понудите решение на овој проблем, или барем некој пример како би можеле да влијаеме на сé, Вие само кажавте што е проблемот.

Една од најефикасните тактики на политичарите е да земат некој проблем околу кој сите се согласни („Платите се мали, тоа е срамота“), па да вработуваат луѓе што знаат како да пишуваат и приказните да ги спакуваат така да несвесно удара на емоциите наместо на разумот и потоа тоа се врти во круг. Ми се чини дека Вие, свесно или не сте го направите истото со писмото. Ги окарактеризиравте децата како незаинтересирани, приглупи, разгалени и чудни, а притоа ниту во една реченица не понудивте некое решение! А нам, што не паѓаме лесно на емоции, одамна ни е преку глава од луѓе што прават врева за разни проблеми, а кога ќе ги праша некој за решение – креваат раменици.

Вашата генерација имала соништа, велите? Нашата нема.


Кое е вашето решение? Имате ли некаква идеја? Се согласуваме со сето она што го напишавте во писмото, но тоа не значи дека сé писмото е точно. Бидејќи, сé додека не нé научите на нешто ново, не можете да ја носите титулата „професор“. Сепак, сигурна сум дека проблемот не е во Вас, туку во целата генерација што ја споменувате во писмото:

„Бидејќи јас сум од генерација на оние ученици кои имаја соништа и се навикнати да поставуваат високи цели, а не она што е најлесно, сонувам за тоа да се здружиме: ние, просветните работници, и вие, родителите. Да застанеме во еден глас сложно против ова “заглупувување“ на нашите деца, против пропаѓање на младоста, против одгледување на зомби генерација, која не се интересира за ништо, кои веќе се подготвени за тоа да “блееат“ во животот и го чекаат крајот на  блажената “отупеност“.“

Велите дека сте од генерација што имала високи цели и соништа. И моите родители се од истата таа генерација. И знаете што – се срамат. Тоа е генерација што живеела во силна држава што ја уништила. Тоа е генерација што имала можност да ги оствари своите соништа и цели, а ние немаме. Денешните млади живеат во свет што Вашата генерација го создала.

Последиците од Вашата генерација и денес ги чувствуваме


Не можете, драга професорке, да очекувате децата да имаат соништа, желби и амбиции,кога им се убиени одамна. И не е за чудење што ситуацијата од година во година е сé полоша, затоа што од година во година на луѓето им се кажува дека ќе дојде „подобро утре“, а тоа никако не доаѓа. Природно е тоа најлошо да влијае на најмладите, тие впиваат како сунѓер.

Професорите не принудуваа да учиме преку игра

За крај ќе Ви кажам дека јас во средно училиште имав одлични професори, што не го повишуваа гласот ниту не оптоваруваа со домашни задачи, и да, не принудуваа да учиме низ игра. Не ја правдаа својата неспособност да пренесат знаење со нашата леснотија, како што тоа го прават политичарите кога не можат да обезбедат работни места. Дајте го својот максимум и најдете нови методи, затоа што за 20 години многу нешта се променети, па би требало да се промени и формата на наставата. Ние добро знаеме какви сме, Вие научете не да бидеме подобри.


Пишува: Љубица Крстиќ
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование