X
 10.10.2016 Живот

Дали сме на работ на нуклеарно лудило? Се заканува судир меѓу САД и Русија

Силите на сириската власт продолжија со жестоки напади во бунтовничкиот дел на Алепо откако поделениот Совет на Обединетите нации не успеа да се договори околу примирје со кое би се спречило понатамошно војување во речиси уништениот град.

 

 

 

Режимските сили го превзеле пресекот Јандул на североситокот од градот,  а целта била отворање на патот за “одлучувачка офанзива“, пишува провладиниот весник Ал-Ватан во Дамаск.

 

Сиријска војска со помош на руските авиони започнала напад на окружниот сектор Алепо пред две недели, како би го споила владиниот и бунтовничкиот дел на некогашниот важен сириски економски центар.

 

Според Сиријската опсерваторија, во воздушните напади на сириските и руските сили, убиени се 273 лица, повечето цивили, вклучувајќи 53 деца, откако Владата на 22-ри септември покренала операции за соединување на западниот и источниот дел на градот.  

 

На гласањето кое се одржа во саботата во ОН, Русија поставила вето нан францускиот нацрт за резолуција со која се бара прекин на бомбардирањето во Алепо, додека алтернативниот предлог на Москва е одбиен, што дополнително го зголеми јазот во Советот за безбедност во ОН помеѓу Русија и Западот кој ги поддржува бунтовниците во петгодишната војна во Сирија која однесе преку 370 илјади животи.

Неможноста за договор околу Сирија поттикнала шпекулации за поголема воена интервенција на западните сили на чело со САД, со што би се отворил простор за евентуален судир на американските и руските сили, па макар започнал и со ненамерен инцидент.

 

Руското министерство за одбрана соопштило дека САД би морале внимателно да размислат за тоа какви би биле последиците од нападот на сиријската војска бидејќи таквите напади претставуваат закана и за руските војници.

 

Русите исто така потсетија дека во Сирија имаат ракетен систем S-300 и уште пософистициран S-400, со кој сакаат да потенцираат дека ниту еден американски авион не е сигурен :

 

“Овие ракетни системи имаат домет кој би можел да изненади многу неидентификувани воздужни мети. Војниците кои со нив управуваат нема да имаат време да го идентификуваат потеклото на воздушните напади и веднаш ќе реагираат “ – изјавил портпаролот на министерството за одбрана на Русија, генерал Игор Конашенков за државниот медиум “Sputnik news“.

Рускиот генерал очигледно алудирал на американските воени авиони F-22, F-35 и B-2.

 

Сите тие авиони имаат "stealth"технологија или намалена видливост на радарите, што би требало да ги направи тешка мета за непријателските ловци.

 

Но, американците сметаат дека иако Русите на радарите бараат авиони на ниски фреквенции, па дури и да ги откријат, радарите на фреквенциите C,X и Ku не можат да ја откријат намалената видливост на авионите, освен на многу блиско растојание. По таа логика “невидливите“ авиони можат да ја имаат целта и да нападнат, па да се оддалечат од локацијата пред непријателот да возврати, односно воопшто и да реагира.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот