X
 10.10.2016 Живот

Заборавете на клишеата - како обичните разговори да бидат интересни?

Многупати се случува да се водат разговори без обид да се искористи моментот и да се направи интересен, па следува досаден и неудобен разговор. Ако ги преформулирате прашањата и ги избегнете клишеата, личноста спроти вас можеби и ќе ви раскаже интересно доживување.

дечко и девојка

  • Наместо „Како си?“, прашајте „Што има ново кај тебе?“.
  • Наместо „Како ти беше денот?“, прашајте „Како си ти денес?“.
  • Наместо „Од каде си?“, прашајте „По што е препознатливо твоето родно место?“.
  • Наместо „Што правиш/работиш?“, прашајте „Што е интересно во твојата работа?“.
  • Наместо „Како се викаш?“, прашајте „Што значи твоето име?“.
  • Наместо „Како ги помина празниците?“, прашајте „Што беше најинтересно за празниците?“.
  • Наместо „Како си? Што има ново?“, прашајте „Што интересно се случи оваа недела?“.
  • Наместо „Колку долго живееш овде?, прашајте „Зошто ти значи ова место? Што сé се случувало овде?“.
Кога еден разговор оди во лоша насока, за соговорниците да бидат љубезни прашуваат стандардни прашања, ги повторуваат зборовите на другиот или се согласуваат со сé што ќе слушнат. Разговорот станува досаден и ништо не се добива од него.
  • На пример:
    Сандра: Убав ден е денес!
    Сања: Да, навистина е убав ден денес!
Кога вториот соговорник одбива да ги повторува зборовите на другиот, односно додава нешто ново, разговорот има потенцијал да стане интересен.
  • На пример:
    Сандра: Убав ден е денес!
    Сања: Секако, почна викендот!
Друг начин да се избегне досадниот разговор е да не се кажува очекуниот одговор. На пример:
  • На прашањето „Како помина на забавата?“, наместо со „Добро“, одговорете „Супер, храната беше одлична.“
  • На прашањето „Како си?“, наместо со „Одлично“, одговорете со „Баш сакав сега нешто да ти раскажам.“
Нестандардните прашања нема да ги одбиваат луѓето од вас, туку ќе ги привлечат затоа што ќе изгледате различни од другите. Дајте и шанса на конверзацијата, поставете необични прашања или дајте несекојдневни одговори.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот