Нобеловата награда за економија оваа година заврши во рацете на Olivier Hart од Харвард и Bengt Holmstrom од МИТ за нивниот труд за теоријата на договорите, јавува
CNN, со што допринеле во решавањето на проблематиката на содржината на договорите меѓу различни субјекти.
Харт во својот труд го испитуваше и прашањето за приватизацијата на јавните услужни дејности и понуди одговор на прашањето како владата може да постигне висок квалитет за најниски цени. Овој труд нуди алатки како прецизно да се испитаат договорите за да се знае дали луѓето, владата и компаниите склучиле добар договор.
„Теоријата на договорите има длабоко и долготрајно влијание на могу гранки од економијата и другите општествени науки, од корпоративното управување до уставниот закон и политиката“, стои, меѓудругото, во извештајот. Благодарение на нивната работа, сега постојат алатки за анализа на финансиските услови и на поделбата на управувачките права, сопственоста и правата за одлучување во договорите.
Како што наведува Њујорк Тајмс, нивниот труд, всушност, објаснува како да се напише што подобар договор.
Двајцата професори направија обид да покажат дека е возможно да се склучат договори на начин што ќе обезбедува и двете странки да имаат заеднички интерес.
Нобеловата награда за економија се доделува од 1969 година, а мината година ја доби Angus Deaton, професор од Принстон, за неговиот труд за сиромаштијата.