X
 15.10.2016 Живот

Интернет порнографија: кои се ефектите врз децата и како да се делува?

За жал, со интернетот порнографијата на децата им е многу подостапна. Едно британско инстражување покажало дека многу веројатно е дека децата до 15 години случајно или намерно ќе дојдат до порнографија. Од 1001 млади учесници 46% се изјасниле дека активно пребаруваат на интернет.

комјутер и дете


Овој проблем не треба да се занемари затоа што може да има огромно влијание на тоа како треба да се однесуваат во интимните врски. Во британската студија учесниците што гледале порнографија изјавиле дека првично таа им предизвикувала мешавина на емоции од љубопитност, шок и збунетост, а потоа  се чувствувале и вознемирени и депресивни поради тоа што го виделе.

Сé е достапно и анонимно


Децата што природно се љубопитни за овие теми може да пробаат да истражуваат на интернет. Интернетот им нуди анонимност и пристапност, а содржините се бесплатни.

Ментални и социјални последици

Изложеноста на порнографија се поврзува со промискуитет и употреба на супстанци за време на сексуални односи. Адолесцентите што редовно посетуваат интернет страни со еротска и сексуална содржина е поверојатно да имаат попустливи и послободни ставови во однос на сексот. Загрижувачки е тоа што многу млади ги користат порнографските интернет страни да „научат“ како треба да изгледа и нивниот интимен живот.

Што може да се направи?


Интернетот има огромна улога во животот на адолесцентите и затоа родителите, едукаторите и лекарите мора да ја постават оваа тема како приоритет во дискусиите за сексуално здравје. Правилната  едукација може многу да им помогне да одложат да станат сексуално активни, да не менуваат партнери и задолжително да употребуваат средства за контрацепција.

Технологијата исто така нуди можности да се ограничи пристапноста до овие содржини. Телевизиските програми може да се блокираат, а Гугл има опција за блокирање на порнографски содржини.

Најдобриот метод е секако, надзорот од возрасните. Ограничете им на децата каде да ги користат уредите поврзани на интернет. Сепак, внимавајте да не ги „шпионирате“, туку да имате отворена и продуктивна дискусија, за да не ги одбиете од Вас. Изворите за „едукација“ што би можеле да им наштетат треба да се ограничат, но тие заслужуваат отворени дискусии за врски и безбеден секс затоа што тоа треба да е дел и од нивниот живот.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот