X
 17.10.2016 Живот

Психолошко толкување на митот за Медеја – жената што си го убива сопственото дете

Митот за Медеја е стар илјадници години, а во форма на драма ја овековечил Еврипид и за времето на нејзиното настанување, 430 година п.н.е, била несоодветна. Еврипид е и прв драматург што на сцена поставувал силни женски ликови претставувајќи ги нивните внатрешни светови.

мит за медеја


Во драмата на Еврипид Медеја, Јасон, нејзиниот сопруг, ја остава Медеја кога Креонт, кралот на Коринт му ја нуди својата ќерка за жена. Таа се соочува и со наредбата на Креонт да го напушти Коринт, а ако не го стори тоа, таа заедно со нејзините деца ќе бидат убиени. Јасон истовремено дава лажни ветувања на кралот за да добие почитување и да стане крал. Медеја мора да се соочи со прогонството од кралот и е целосно обесправена. Затоа бара од Креонт уште 24 часа за да смисли каде ќе оди со децата. Кон Јасон е љубезна и му вели дека е спремна да замине, а на новата невеста ѝ праќа цвеќе и убав шал кој е всушност отровен.  Кога кралот се обидува да ѝ помогне на ќерка си и неговото тело почнува да гори од отровот и двајцата умираат, а огнот се шири и во палатата. Медеја ги убива своите деца и заминува за Атина со новиот сопруг-кралот.

Зошто една мајка што дала живот на своето дете, ладнокрвно му го одзема?


Медиумските приказни на современата „Медеја“ најчесто се објаснуваат со употреба на дрога, алкохол, постпородилна депресија, со што само се зајакнува имиџот на „обична“ самопожртвувана мајка и сите „нормални“ околности. Комплексот на Медеја би се однесувал на тенденцијата мајката да си ги убие децата без оглед на нивниот пол. Таа не сака да се помири со судбината да биде оставена жена, туку продолжува да се бори, покажува бес наместо очај и поради тоа не може да постапува рационално.

Психоанализата вели дека откако е напуштена од Јасон таа добива нарцистички слом и нејзината деструктивност е насочена кон неа самата. Понижена, преплавена од срам и завист и само сака да си ја врати изгубената самодоверба и чувството за вредност. Проблемот е што таа нема развиено доволно стабилни интернализирани објекти за да може да го преживее губењето на  обожаваниот објект, па почнува со уништување на „лошите“ објекти, луѓето што се блиски на Јасон, вклучително и децата.

Од феминистичко гледиште, чинот на Медеја е пандан на неприродноста на патријархалното уредување претставено со Јасон и Креонт. Таа е принудена да се потчини на ова уредување и прави низа акции со кои му се спротивствавува и го руши. Во монологот пред жртвувањето на децата Медеја ја изразува својата лична агонија, но нејзиниот акт истовремено е и политички. Психоанализата не поставува тези за крајот на драмата, кога Медеја се врти кон богот на сонцето, нејзиниот дедо - машки симбол, и бега од Коринт со неговата кочија. Во последниот дијалог со Јасен таа не се однесува како очајна мајка, зборува за децата во трето лице дистанцирајќи се од таа содржина, истовремено покажувајќи дека за да достигне моќ морала да отфрле голем дел од својот идентитет, улогата на мајка и жена и чувствата за кои Јасон вели дека се „претерана реакција“. Оваа слика на ладнокрвна Медеја е помалку проучувана и како таква останува симбол на жена што е до толку повредена и опседната со мажи, што е спремна на чедоубиство заради одмазда.

Пишува: Марица Прелавиќ Стјеповиќ, семеен терапевт
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот