X
 23.10.2016 Култура

Пријатели на Friends, сигурно ве копка што се случува во оваа досега необјавена епизода од серијата



Серијата Friends


Еден голем обожавател на серијата Friends, одлучил малку да „интервенира“ во сценариото, па го променил крајот на својата омилена серија. Но, тука нема ништо спорно. Интересна е идејата зад неговата алтернативна приказна.

Имено, „новата“ епизода, всушност, убива еден член од славната шесторка.

Најнеомилениот лик, Чендлер, загинува во сообраќајна несреќа и се враќа како „напорен“ дух за да уништи сè.

Видеото што трае 16 минути е колаж од клипчиња од 125-те епизоди и досега брои преку 750.000 прегледи на интернет.   

Гледачите го опишуваат како емотивен микс со алтернативен крај на приказната за Пријатели(те), што истовремено е мрачна, застрашувачка, но и далекувидна.  

Епизодата е наречена The one where Chandler dies. Започнува нормално, со добропознатата најавна шпица и неколку кадри со Чендлер, кои одеднаш се прекинуваат со застрашувачки врисоци.

Атмосферата станува малку сериозна, музиката меланхолична, а Чендлер го нема на своето место на софата.

Пријателите одат да го посетат во болница, но неговото срце не издржува... 

Погледнете како натаму се развива приказната на следното видео.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура