X
 26.10.2016 Образование

На Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е потпишан Меморандум за соработка меѓу пет институции

Денес на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е потпишан Меморандум за соработка меѓу пет Институции: Филозофски факултет претставуван од деканот проф. д-р Горан Ајдински, НУ Археолошки Музеј – Скопје, претставуван од директорот Весела Честоева, НУ Музеј на Македонија - Скопје, претставуван од директорот д-р Мирјана Нинчовска, Музеј на град Скопје, претставуван од В.Д. директорот Томислав Микулчиќ, и Земаљски Музеј на Босна и Херцеговина – Сараево, претставуван од заменик директорот м-р Марица Филиповиќ.



Меморандумот е потпишан за да се овозможи ефикасна и координирана соработка меѓу наведените институции, втемелена на платформа на взаемна доверба и разбирање која ќе опфаќа низа активности кои се од интерес и полза за сите страни од областа на археологијата, историја на уметности историја за научно-истражувачка дејност, изложбени активности, издаваштвото, набавка на публикации, соработка при организација на настани и практична настава за студентите на Филозофскиот факултет. Потпишаниот меморандумот е на иницијатива на вршителот на должност во Амбасадата на РМ во Сараево, г-н Александар Крстевски и Институтот за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет, а на потпишувањето на Меморандумот присуствуваше и амбасадорката на Босна и Херцеговина во РМ, д-р Лепа Бабиќ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование