X
 27.10.2016 Живот

Конечно вашиот велосипед е безбеден - изум кој ќе ја спречи кражбата на велосипеди

Крадењето на велосипедите не е ништо ново, а на многумина им се има случено таква ситуација.


Но, сега има нов начин за да се запре кражбата на велосипеди и тоа со испуштање на лош мирис од страна на катанецот кој ќе го поставите. Се работи за изум „Skunk Lock“. Името е добиено според симпатичното животно- кое испушта лоши мириси кои предизвикуваат нагон за повраќање.

Токму заради тоа ќе се спречат крадците кои имаат намера да украдат нечив велосипед. Создавачот на оваа иновација е Даниел Идзковски од Сан Франциско на кој му здодеале кражбите на велосипеди, а кулминацијата се случила кога на негов пријател му бил украден велосипедот иако бил заклучен со два катанци.

Овој катанец е мешавина од железо и јаглен, а во самиот центар се наоѓа мини депозитар со гасови кои се толку силни што ако некој се обиде да исече само 30 проценти од катанецот, веднаш ќе добие нагони за повраќање и тешкотии во дишењето.
„Крадецот всушност ќе ја добие истата реакција како да се соочил со солзавец, а токму тоа сакав да го постигнам – секоја личност која ќе сака да украде велосипед, да го доживее тоа и да го остави велосипедот“, вели Даниел.

Инаку, катанецот ги прошол сигурносните тестирања во САД и во Европа што значи дека можеме да го купиме без страв за здравствената исправност на овој генијален изум.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот