X
 29.10.2016 Култура

Нова поделба во Кипар: Грчкиот дел го зема зимското, а турскиот останува на летното сметање на времето

Кога жителите на Кипар ќе се разбудат во недела, ќе откријат дека нивниот остров, не е само етнички поделен, туку и временски во две различни зони

Грчкиот дел од островот во недела, како и сите земји членки на ЕУ, ќе ги врати стрелките на часовникот еден час наназад и ќе премине на зимското сметање на времето, додека турскиот дел го задржува летното сметање. Според ова Кипар ќе биде остров со две временски зони.


зимско сметање на времето


Во септември, Турција донесе одлука дека трајно ќе остане на летното сметање на времето. Турскиот дел на Кипар одлучил да го стори истото, бидејќи е поврзан со турскиот банкарски сектор, трговија, авијациски врски.

Според тамошното Здружение на работодавачи, разликата ќе предизвика непријатности за 5.000 Турци кои работат на другата страна на островот. Грчките работници на турската страна речиси и да ги нема.

Лидерите на кипарските заедници се на средина во преговорите за повторно обединување на островот по федерален систем. Преговорите се одвиваат со посредство на ОН.

„ОН се фокусира на постигнување на договор што е можно поскоро. Двете страни ќе одлучат кога и како ќе го решаваат прашањето на временските зони"- изјавил портпаролот на ОН.

Кипар, во меѓувреме ќе стане едно од ретките места во светот каде што Новата Година ќе се пречекува двапати. 
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура