X
 29.10.2016 Живот

Писмо на мајка до својата ќерка тинејџерка: Како да бидеш силна личност во животот

Некои родители се обидуваат да ги заштитат своите деца од речиси сe, претпочитајќи да не ги заплашат со познавање на тешкотиите со кои може да се соочат во овој живот. Други родители имаат за цел да ги третираат своите деца како возрасни.

Ако мислите дека вториот начин е подобар шансите се поголеми дека ќе најдете многу корисни совети во ова писмо, напишано од страна на мајка до нејзината ќерка тинејџерка. Овој текст стана многу популарен на интернет во последно време, и тоа поради добра причина.


писмо од мајка


1. За 3 години од сега, јас можам да те исфрлам од твојот дом

Звучи страшно, нели? Дефинитивно. Кога ќе наполниш 18 години, ќе имаш две можни насоки на дејствување кои ќе ти бидат достапни: Одиш на факултет, а јас ќе ти помогнам колку што можам, додека не дипломираш или не си најдеш работа. Или ќе речеш не на универзитетот (јас никогаш нема да те осудам ако го направиш тоа) и се вклучуваш на пазарот на трудот.

И во тој случај, ќе треба да се грижиш за себеси. Јас нема да издржувам девојка над 18 години, која не е вклучена во образование, бидејќи јас не мислам дека тоа е вистинската и правилна работа. Имаш три години за да одлучиш... И ние веќе размисливме за новата намена за твојата соба. Тоа ќе биде наша спална соба.

2. Ти си прекрасна, ти си убава, ти си паметна

Ти си многу подобра од мене. Ти си навистина прекрасна личност. Јас те познавам 15 години и ти си многу повеќе неверојатна, отколку што некогаш можев да замислам во моите најлуди соништа. Ако некој не го разбира ова, тоа е нивен проблем (добро, тоа е исто така, проблем на татко ти до одреден степен).

3. Јас не сум пример што треба да го следиш

Ти си сосема поинаква личност од мене. Ти имаш своја индивидуална личност. Ти не треба да го сакаш, она што јас го сакам. Го имаш секое право да го отфрлиш мојот авторитет и да не ги споделуваш моите вредности. Има една нова нијанса во ова, ќе треба да ја сносиш одговорноста за секој твој избор.

4. Ти си слободна личност. Јас немам очекувања

Може да станеш механичар, бизнис аналитичар, домаќинка, терапевт за убавина, менаџер, или некоја што работи на каса во супермаркет. Не мислам дека е мое место да се мешам за патот што ќе го избереш во овој живот. Но, сепак, не заборавај за првата точка под број еден.


5.Ти не ми должиш ништо

Јас не те донесов на свет со очекување дека ќе ми го платиш долгот. Јас не очекувам да обезбедиш пари за мене кога јас ќе остарам. Ти имаш право да избереш да се фокусираш на она што е важно за тебе, на она што го цениш. Тоа е твој живот и твој избор.

6. Ти имаш дом

Што и да се случи со тебе во овој живот, јас ќе бидам покрај тебе, секогаш кога ќе ти требам. Јас ќе те поддржувам, ќе ја делам со тебе твојата среќа и тага и ќе се обидам да ти помогнам ако ме прашаш. Но, јас нема да се мешам непоканета.

7. Јас имам свој живот


Јас не сум обврзана да дојдам и да ти помогнам кога ќе тропнеш со раката. Јас не мора да се откажам од она што го правам за тебе или да ја жртвувам мојата удобност за тебе. Можам. Но, не морам.

8. Ти имаш свој живот

Со кого ќе се омажиш, без разлика дали ќе имате деца, каков вид на луѓе вие ќе привлекувате, за кого ќе гласате, сето тоа е ваша работа. Моите ставови, страсти, убедувања не треба да имаат влијание врз вас. Треба да го направите она што вашето срце и совест ви го кажуваат. Што и да изберите, нема да ме изгубиш и ти нема да престанеш да ми бидеш ќерка.

9. Никој не сака намерно да те повреди

Ова не е лесно да се разбере, но е вистина: секој размислува за себеси. Јас исто така. Секој човек таму, без разлика на неговите околности, едноставно се однесува на начин кој мисли дека е правилен. Никој  намерно не сака да го направи твојот живот полош. Тие едноставно го прават она што тие мислат дека е најдобро за нив, како што тие гледаат и ништо повеќе. Едноставно мапата на твојот живот и нивната не се совпаѓаат во целост.

10. Животот не е фер

Не постојат никакви гарантирани начини да се постигне успех или да се избегне несреќа. Светот не е во твоја контрола. Може да правиш се како што треба и сепак да се најдеш во ужасна ситуација. Може и да правиш се погрешно и да завршиш да живееш убав живот. Единственото нешто за кое треба да се грижиш е да бидеш искрена. Не лажи се себеси.

Научи се да се разбериш себеси. Обиди се да ги сфатиш целосно твоите вистински потреби и чувства. И размислувај за она што ќе биде најдобро за тебе.

11. Она што е добро за тебе, секогаш ќе биде лошо за некој друг

Кога ќе добиеш работно место или место на универзитетот, некој друг ја губи својата шанса. Кога одиш на состанок со некого, шансите се дека таа личност со која ти се состануваш, можела да биде прва љубов на некој друг. Можеш дури и да земеш нечие омилено место во кино салата. Но, не грижи се за тоа, затоа што она што е лошо за тебе ќе биде добро за некој друг, па така сте изедначени.

12. Единствената личност на која можеш 100 проценти да и веруваш си самата ти

Не, дури ни мене. Само ти. Јас не можам целосно да влезам во твојата глава, кога ти ги оставаш нештата недоречени или криеш нешто од сите. Го знам ова затоа што го правев и самата. Јас исто така имам мајка. Само ти знаеш се за самата себе. Па така само ти знаеш за што си способна.

13. Не ја префрлувај одговорноста на другите

Од 18-годишна возраст, ти ќе бидеш одговорна за она што се случува во твојот живот. Донеси на свет твои деца, ако мислиш дека ти можеш да го направиш тоа на свој начин. Прифати ја таа предизвикувачка работа ако мислиш дека можеш да управуваш со неа. Емигрирај доколку мислиш дека ќе преживееш сама на себе во странска земја. Сама. Ако си среќна и ако најдеш луѓе кои сакаат да ти помогнат, тогаш тоа ќе биде лесно. Но, никој не е должен да ти помогне. Запомни го тоа.

14. Биди подготвена

Секоја акција има последица. Шансите се дека нема да ги предвидиш сите нив. Но, барем обиди се да помислиш на нив колку што можеш. Колку повеќе се попромислени резултатите од твоите акции на кои може да помислиш, толку порационално ќе биде твоето однесување.

15. Не мора мене да ме слушаш

Ти понудив 14 точки што мислам дека ќе ти помогнат твојот живот да биде подобар од мојот. Но, како што реков погоре, ти не си јас. Не се споредувај со мене. Не мисли дека нашите животи треба или може да одговараат во секој поглед. Од секогаш сум сакала да донесам личност на овој свет, која ќе живее свој живот. Оди и живеј го твојот живот.  

15а. Само немој подоцна да се вратиш дома за да се жалиш.

15б. И никогаш не го исклучувај твојот телефон. Ме загрижува тоа.

Автор: Дариа Королкова
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот