X
 02.11.2016 Образование

Прва Меѓународна конференција и работилница за студенти од Факултет за туризам и бизнис логистика

”Сите сакаме туризам”. Вака гласи авторската промотивна песна по повод Интернационалната конференција и работилница за студенти од туризам и угостителство при Универзитетот ”Гоце Делчев” – Штип во период од 04-06 Ноември.


 
Целта на реализацијата на оваа конференција е разменување искуства и зацврствување на меѓусебната соработка помеѓу студентите и универзитетите од Балканскиот полуостров и пошироко. Темата на овогодинешната конференција е ”Култура, гастрономија, вино - алтернативни форми на туризам”, која ќе се обработува од страна на домашни и странски професори со признаена експертиза од областа.

Исто така настанот ќе опфаќа и гастрономска работилница на која учесниците ќе се запознаат со македонската кујна преку практично изготвување на традиционални македонски специјалитети. Тие ќе бидат подпомогнати од домашните студени, а надгледувани и менторирани од страна на врвни кулинари, членови на асоцијацијата ”ГАСТРОМАК”.



Во програмата е вклучено туристички разглед на градот Скопје, посета на винарија ”Камник” и социјална програма која опфаќа завршно изненадување за сите учесници.

На интернационалната конференција ќе присуствуваат повеќе од 100 учесници, професори, претставници на институции и медиуми. Настанот е поддржан и спонзориран од 40 македонски компании.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование