X
 02.11.2016 Култура

Стивен Кинг: „Снимаме хорори за да ни помогнат да се справиме со оние вистинските“

Стивен Кинг е американски автор на современ хорор, натприродна фикција, научна фантастика и фантазија. Неговите книги се продадени во повеќе од 350 милиони примероци, а  многу од нив се адаптирани во филмови, мини серии, телевизиски емисии и стрипови. Кинг има објавено 54 романи, меѓу кои седум се под псевдонимот Ричард Бакман.

Многу од неговите приказни ги напишал во неговата матична држава Мејн. Неговиот роман „Rita Hayworth and Shawshank Redemption“ беше основа за филмот „The Shawshank Redemption“ кој се смета за еден од најголемите филмови на сите времиња. Ова се неколку од неговите познати цитати:

Стивен Кинг


„Мислам дека имам поминато многу добри години, премногу, срамејќи се за она што го пишувам. Мислам дека имав 40 години пред да сфатам дека речиси секој писател на фикција или поезија, кој досега објавувал негови дела бил обвинет од страна на некој дека го троши неговиот или нејзиниот талент што Бог им го дал. Ако пишуваш (или сликаш или танцуваш или изработуваш скулптури) некој ќе се обиде да направи да се чувствувате лошо во врска со тоа. Тоа е се."

„Фикцијата е вистината во лага".

„Пишувањето не е за заработување на многу пари, стекнување слава, да бидеш успешен во романтичните состаноци или правење на пријатели. На крајот, тоа е за збогатување на животот на оние кои ќе ја прочитаат вашата работа, како и збогатување на вашиот живот".

„Дозволете ми да го кажам ова уште еднаш: Вие не треба лесно да дојдете до празна страница во вашиот живот."

„Најстрашниот момент е секогаш пред да почнете."

„Вие можете, вие треба и ако сте доволно храбри да почнете, вие ќе почнете".

„Оптимизмот е совршен легитимен одговор за неуспех."

„Чудовиштата се реални, како и духовите. Тие живеат во нас и понекогаш тие победуваат".

„Животот не е систем за поддршка за уметноста. Обратно е".

„Аматерите седат и чекаат за инспирација, а остатокот од нас стануваат и работат".

„Понекогаш треба да продолжиш напред и кога не се чувствуваш така, а понекогаш правиш добра работа, кога се чувствуваш така. На крај сето тоа е како да ринеш ѓубре со лопата од седечка позиција“.

„Довербата од невините е најмногу корисна алатка за лажливците".

„Само непријателите ја зборуваат вистината, пријателите и љубовните партнери лажат бескрајно, фатени во пајажината на должноста".

„Најважните работи се најтешките работи за кажување. Тоа се работи од кои се засрамуваш бидејќи зборовите ги намалуваат вашите чувства. Зборовите ги намалуваат работите кои изгледаат безвременски кога тие живеат во вашата глава во моментот кога тие се изнесуваат надвор".

„Снимаме хорори за да ни помогнат да се справиме со оние вистинските".

„Многу од нас растат и ние растеме надвор од буквалната интерпретација што ја добивавме како деца, но ги носиме лузните во текот на целиот наш живот. Без разлика дали тоа се лузни на убавина или лузни на грдоста, тоа е прилично многу во окото на очевидец.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура