X
 04.11.2016 Наука

Редок феномен! Oвој месец ќе бидеме сведоци на најсветлата Mесечина во последните 70 години

Ако сакате да видите еден редок астрономски настан оваа година, сега имате можност тоа да го доживеете во ноември, кога Месечината ќе биде најблиску до Земјата, како што тоа се случи последен пат во јануари 1948 година.

За време на настанот, што ќе се случи во пресрет на 14 ноември, Месечината ќе се појави за 14 проценти поголема и за 30 проценти посветла од просечната полна месечина. Ова е најблиското растојание Месечината да дојде до Земјата до 25 ноември 2034, така што навистина не сакате да го пропуштајте ова.


месечина

Ако планирате да ја гледате оваа неверојатна појава, отидете некаде на убаво и темно место, далеку од светлата на градот.

Најсветлата месечина се очекува да го достигне својот максимум во својата последна фаза утрото на 14 ноември во 08:52 часот.

Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука