X
 05.11.2016 Живот

Погледнете го филмот на Ди Каприо за климатските промени „Before the flood“

Актерот Леонардо Ди Каприо и National Geographic снимија филм за климатските промени кој го носи насловот „Before The Flood“ кој за само неколку дена го гледале околу 30 милиони лица. Филм е објавен пред неколку дена пред изборите во САД за да се испрати силна порака на гласачите (Ди Каприо е за Хилари Клинтон) за значењето на заштитата на животната средина и важноста на забраната за користењето фосилни горива.


Во филмот се прикажани драматичните промени во светот кој се случуваат во моментов заради климатските промени. Се испраќа порака до секој поединец и држава каде што се потенцира дека од сите нив зависи каква ќе биде иднината на планетата. Заради тоа, потребно е да се преземат мерки за да се спречат катастрофалните последици за Земјата. Леонардо во филмот патува низ целиот свет и интервјуира многу познати личности, меѓу кои Барак Обама, Бил Клинтон, Џон Кери, Бан Ки Мун, Папата, како и водечките фигури од НАСА, научници, активисти итн.

На крајот од филмот се испраќа порака до секој човек, бидејќи е многу важно за кого ќе го даде својот глас на избори.
„сакам да знам колку далеку отидовме, колку штета направивме и дали постои нешто што можеме да направиме за да го спречиме тоа“, изјавил Ди Каприо за својот документарец.

Тој е амбасадор на Обединетите Нации уште од својата 24-та година и е посветен на чувањето на животната средина, вози автомобил кој не загадува и својот дом го снабдува со енергија преку соларни панели.

Филмот е достапен бесплатно до недела.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот