X
 07.11.2016 Живот

Руското семејство кое не било свесно дека се случила Втората светска војна


Изолирано руско семејство, несвесно дека се случила Втората светска војна

Сибирската тајга е едeн од најизолираните предели во светот. Теренот е тешко прооден и речиси е невозможно да се живее таму. Кратките лета и долгите студени зими ги обесхрабруваат луѓето да го населуваат овој простор.

Сибирската тајга е најголемата ненаселена дивина на планетата. Површината од 5,1 милиони квадратни милји, опфаќа околу 10% од површината на Земјата. Денот во тајгата е дом на мечки и лисици, а со ноќта владеат волците-ловци.

Просечната температура е пет Целзиусови степени под нулата, а летата се многу кратки. За време на зимата во 1933 година, тука се измерени минусни 67,7 Целзиусови степени.

Во 1978 година, руски геолози наишле на петчлено семејство во Сибир, кое живеело во изолација повеќе од 40 години. Станува збор за семејството Лјуков, чии членови биле стари верници кои живееле како испосници во длабоката тајга на Сајанските планини во јужен Сибир од 1936 до нивното откривање од страна на геолозите во 1978 година. 

Семејството Лјуков живеело околу 150 милји од најблиската населба, во место коешто никогаш не е истражено. До 1936 година, тие живееле во населениот дел од Русија, но откако им се случила семејна трагедија во која настрадал нивниот брат од советска патрола, Лјуков го собрал целото семејство и пребегале во огромната сибирска тајга. Оттогаш не ги видел никој сè до доаѓањето на геолозите кон крајот на седумдесеттите години на минатиот век.

Повеќе од 40 години, Карп Лјуков заедно со сопругата и нивните деца живееле во дрвена колиба на неколку милји оддалеченост од границата со Монголија.

Кога првпат одлучиле да се преселат во сибирската тајга, биле четворица: Карп Лјуков, неговата жена, Акулина, синот Савин и ќерката Наталија. Во дивината им се родиле уште две деца на Карп и Акулина: Димитри во 1940 и Агафија во 1943 година. Со себе имале молитвеници и стара семејна Библија, од коишто децата се учеле да читаат и да пишуваат.

Лјукови се хранеле со зрнести плодови, одгледувале зеленчук, а облеката си ја шиеле од ткаенината што сами си ја правеле. Се научиле да ловат без огнено оружје и стрели. Кога пораснал, Димитри странал стручњак за ловење животни. Толку се извештил, што можел да лови и босоног во зимските месеци.
Во доцните педесетти, семејството се соочило со глад што довело до смрт на мајката Акулина.

Кога геолозите ги нашле во 1978 година, биле вчудовидени што откриле семејство кое опстоило во средновековни услови за живот. Карп Лјуков ги пречекал дојденците. На почетокот, тие одбивале сè од геолозите и единствено нешто што прифатиле била понудената сол. Карп не пробал сол повеќе од 40 години.

Семејството Лјуков комплетно било несвесно за Втората светска војна нити за фактот дека луѓе за првпат слетаа на месечината. Откако геолозите ја стекнале нивната доверба, почнале да им ги откриваат „чудата“ на модерниот живот. Таткото Карп бил фасциниран од откритијата што геолозите ги понеле со себе.
Репортерот Василиј Песков рекол: „Карп најмногу беше изненаден од проѕирниот целофан за пакување, па кога го виде рече: Господе, направиле стакло што се витка!“

Есента 1981 година, три од четирите деца (Димитри, Наталија и Савин) починаа во рок од неколку дена, едно од пневмонија и две од бубрежна дисфункција. 

Геолозите неколку пати се обиделе да го убедат Карп да се преселат заедно со Агафија кај роднините во најблиската населба, но безуспешно.

Карп починал на 16 февруари 1988 година, а Агафија останала да живее сама и изолирана во сибирската тајга.     
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот