X
 12.11.2016 Живот

До 2025 година ќе се навикнеме на ненормално високите температури што доаѓаат


НАСА предвидува дека 2016 е на прагот да стане досега најтоплата забележана година. Септември, исто така, беше најтоплиот септември откако почна да се води евиденција, што го прави единаесетти по ред месец што руши ваков рекорд.

Полоши вести се тоа што ваквите температури ќе ни бидат сосема нормални до 2025 година.
Новата студија објавена во Bulletin of American meteorological society, прстот го вперува во јаглеродните емисии, што се должат на уништувањето на шумите и зелените површини, како и на согорувањето на фосилните горива.

„Ако си продолжиме по старо со емисиите на гасови, екстремно топлите годишни времиња ќе ни станат реалност во идните децении“, изјави Софи Луис, водечка авторка на студијата.

Луис вели дека сепак постои малку надеж: „Ако драстично ги намалиме емисиите до најниските дозволени граници предложени на Меѓувладината панел-дискусија за климатските промени, тогаш ќе има шанси да се извлечеме од екстремните сезони на регионално ниво во 21 век. 


 
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот