X
 15.11.2016 Живот

Славче Соколовски: „Системот“ ме натера да си одам од Македонија, но затоа ручав со легендата Пеле во Мелбурн

Нашиот надежен успешно го продолжил своето образование во Мелбурн, на Австралискиот колеџ за спорт и фитнес на Универзитетот во Мелбурн, преку посредникот, агенцијата „Блу Бриџ Глобал“. По две години, се стекнал со диплома за спортски и рекретаивен менаџмент и маркетинг, сертификат 3 за фитнес инструктор и сертификат 4 за личен (персонал) тренер.



Доколку животот не го однесеше далеку во Австралија, веројатно нашиот надежен фудбалер Славче Соколовски од Скопје никогаш немаше да ја сретне фудбалската легенда Пеле, ниту да присуствува на натпервар на денешните фудбалски титани, заедно со уште 100 илјади гледачи. Да вели, далеку е од татковината, а причина за тоа е „системот“ според кој функционираат нештата во Македонија. Токму поради тоа иднината ја гледа на друго место - Австралија, каде што стигна преку нашето претставништво на агенцијата „Блу Бриџ Глобал“.

Ова е неговата приказна.

Млад и надежен фудбалер


Соколовски е роден во Скопје во 1984 година. Уште кога имал 7 години почнал да тренира фудбал. Веројатно во тоа имаат удел и наследните гени, бидејќи и неговиот татко бил квалитетен фудбалер. Своевремено играл во „Металург“, а од таму требало да се префрли во „Вардар“ и потпишал договор. За жал неговата кариера завршила многу рано поради тешка сообраќајна несреќа. Младиот Славче почнал во младинската школа на фудбалскиот клуб „ССК Младинец“ од Скопје каде го освоил купот на Македонија во кадетска конкуренција.

- Своевремено бев и капитен на една прекрасна генерација која исфрли и доста репрезентативци меѓу кои бев и јас и успешно настапував за генерацијата до 15 и 16  годишна возраст. Од фудбалскиот клуб ССК по завршување на кадетската конкуренција потпишав за клубот „Работнички“ кој градеше дрим тим на младински репрезентативци. Дебитирав за првиот тим на 17 години и секако настапував за репрезентацијата до 18 и 19 годишна возраст - раскажува тој.

Паралелно го градел своето образование. Средно училиште завршил во ПТТ „Владо Тасевски“ (електротехничар за телекомуникации), па се зашишал на Факултетот за физичка култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на отсекот за професор по физичка култира. Дипломирал во 2010 година. Во меѓувреме растеча и неговата кариера како фудбалер. Настапувал за фудбалските клубови Работнички, Алумина, Слога Југомагнат, Магари Солидарност, Цементарница, Младост од Хрватска.

Дообразување во Лондон

Пред четири години се формираше новата Фудбалската академија преку Министерство за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт.

- Јас, како и секој дипломиран профессор по физичка култура, се пријавива, а во тој период бев единствен што ги исполнува условите за вработување што ги бараше институцијтата. Условот беше да мора да си дипломиран професор и лиценциран тренер. Но се случи нешто чудно, административна грешка според која во документацијата во месниот комитет на Општина Кисела вода две години ме воделе како дипломиран на Природно-математички факултет. Откако ја дознав таа информација се јавив во Министерството за образование па ја исправија таа грешка, и бев повикан на 1 септември 2012 да почнам со рабата во новата академија. Еден ден пред да почнам, од непознати причини бев променет. Од тој момент почна мојата кариера надвор од нашата Макдонија во секој поглед, искрено и пресреќен сум што целата приказна пордолжи вака - вели Соколовски.

Следуваат неколку години работа на брод, дообразување во Лондон. Според него, за да се стигнете до академијата во Лондон, треба да се помине селекција на Балканот.

- Мојот профил ги исполнуваше условите. Следуваше втора селекција во Stainer Академијата во Лондон. За да ја поминете академијата треба да сте и физички и психички доста спремни. Во Лондон успешно ја завршив академијата каде се стекнав со сертификат за Fitness Business, Metabolism, Nutrition, Fitness Instructor, Personal Trainer,Yoga и Pilates. Од Лондон бев селектиран и работев како Fitness Director за италијанската компанија Costa. Прекрасно искуство, се усовршив и надоградив целосно во фитнес индустријата, а тоа ми беше целта. Усовршив два странски јазици, англиски и италијански. Во меѓувреме во тој свет на луксуз успеав да ги ги видам убавинитите на Карипските Острови и Европа почнувајќи од Португалија, Шпанија, Франција, Италија, Малта, Хрватска, Грција, Турција ги видов сите познати метрополи и острови секако културата на овој народ од овие прекрасни места - раскажува Соколовски.

Веќе работи како тренер во Мелбурн

Сето дотогашно искуство сакал да го заокружи за да почне да работи во Австралија. Тогаш и се обратил на агенцијата „Блу Бриџ Глобал“.

- Благодарение на професионалната услуга на извршниот директор, Саша Гроздановски, кој детаљно ќе ви објасни букавално се што сакате да се информирате, успешно го продолжив моето образование во Мелбурн, на Австралискиот колеџ за спорт и фитнес на Универзитетот во Мелбурн. По две години образование се стекнав со диплома за спортски и рекретаивен менаџмент и маркетинг, сертификат 3 за фитнес инструктор и сертификат 4 за личен (персонал) тренер - раскажува тој.



Славче во моментот членува во фудбалскиот клуб Altona Magic Vardar и веќе две сезони е дел од овој клуб. Работи и  како помошник тренер во сениорскиот тим и тренер на дечињана до 14 години.

- Можам да се пофалам дека сезоната 2016 ни беше доста успешна. Со првиот тим сме шампиони за 2016, а дечињата морам да ги пофалам, се шампиони на цела Викторија за 2016, а исто така освоивме и четири турнири што се голем успех. Би сакал јавно да му се заблагодарам на претседателот на клубот, Игор Георгиевски за укажанта доверба за мојата работа. Тој е „главен виновник“ за мојот понатамошен престој во Австралија. Благодарение на него и на луѓето во клубот, Аltona е на добар пат да стигне во елитата на Melbourne Victory и Melbourne City кои се натпреваруваат во националната лига на Австралија - вели Соколовски.



Големи надежи за иднината

Во Млебурн му се случиле нешта за кои не можел да сонувате не само во Македонија, туку и на Блаканот.
- Едно од најубавите нешта што ми се случиле е запознавањето со легендата Пеле и ручекот поминат со него. Присуствував на тенисот на Australian Open, уживав во натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити пред 100.000 гледачи. Тука е Формула 1. Мелбурн е спортска метропола. Моментално фудбалот во Австралија е во подем и страшно напредува. Како пример ќе го земам Азискиот куп во 2015 година каде Австралија е шампион. Клубот каде што работам располага со три терени. Претежно тренинзите се одвиваат на рефлектори - објаснува тој.

Славче вели дека благодарение на „системот“ во Македонија, својата иднина ја гледа надвор од нашите граници.
- Зборувам генерално, политика не ме интересира, ниту некоја политичка партија, никогаш не сум сакал да се етикетирам. Мислам дека треба многу повеќе да се цени нашиот, квалитетниот кадар.

На прашањето каде се гледа себе си во иднина, Славче има големи надежи:
 - Мојата цел е да се видам како успешен спортски менаџер (тренер) во еден од успешните елитни тимови.
Подготвил: В.Ф.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот