X
 16.11.2016 Економија

Што точно значи „бихевиорален маркетинг“ и каква е поврзаноста меѓу неговата работа и работата на детекторот за лаги


Бихевиорален маркетинг

„Едно десетгодишно момче од Јапонија доживеало сообраќајна несреќа, во која ја изгубило левата рака. И покрај својата физичка спреченост, одлучило да тренира џудо кај најпознатиот учител по џудо. После три месеци напорен тренинг, сфатило дека постојано учи еден ист зафат, па го прашало учителот: ‘Сенсеи, веќе три месеци тренирам само еден џудо зафат’, а учителот му одговорил: ‘Тоа е единствениот зафат што ќе ти треба’. По седум месеци, учителот го пријавил момчето на најсилниот регионален турнир во џудо, каде што момчето го освоило првото место.
Враќајќи се дома од турнирот, момчето му се обратило на учителот: ‘Сенсеи, како е можно јас, знаејќи само еден џудо зафат и без лева рака, да го освоив турнирот?’ а учителот му одговорил: ‘Постојат две причини за тоа... Првата – зафатот што го учеше е еден од најкомплексните потези во џудото, а ти го усоврши со секојдневно вежбање. Другата причина е – единствена одбрана на тој зафат е противникот да го фатиш за левата рака...’“

Оваа приказна најилустративно ја објаснува важноста од правилното користење на предноста и претварањето на евентуалниот недостаток во предност, во конкретниот случај – за подобрување на сопствениот бизнис.

„Луѓето не размислуваат како се чувствуваат, не кажуваат што мислат и не го прават тоа што ќе го кажат“, рекол Дејвид Огилви, познат и како „татко на модерното рекламирање“. Во фокусот на бихевиоралниот маркетинг е токму истражувањето што точно мислат луѓето, а во рекламирањето тоа значи дека се мерат потсвесните реакции на потрошувачите за некој производ, со цел да се добијат нејискрените можни резултати.

Во модерниот свет не е важно само да се рекламирате, туку поважно е вашата реклама да стигне до некој кој се интересира за тоа што го нудите. Единствено на таков начин можете да дојдете во непосреден контакт со потрошувачите кои го сакаат токму вашиот производ, а со тоа си ги зголемувате шансите за остварување продажба.

Експертите во оваа област велат дека за интуитивна одлука на купувачите им е потребен дел од секунда, што се мери со едно трепкање на окото, а дури потоа на сцена стапува рационалниот дел на свеста, каде што се носи одлуката. Нештата ги усложнува т.н. болка на потрошувачите. Имено, тоа е моментот кога ние како купувачи остануваме без пари, бидејќи сме купиле нешто, а мозокот тоа го перципира речиси како физичка болка. Поради тоа и плаќањето со платежна картичка доживеало пораст, бидејќи на тој начин се намалува оваа болка.

Една регионална маркетинг агенција го има следниов слоган: „Мозокот се спротивставува на убедување – за да продадете, не смеете да продавате“. За да го постигнат тоа, стручњаците користат необични помагала и постапки – „машина“ што би можела да се опише како детектор за лаги, следење на движењето на очите на потрошувачите, мерење на електричните стимулации на мозокот, тестови за асоцијација и реакции на рекламите што се одвиваат на потсвесно ниво.  
  
Маркетингот е живот, животот е маркетинг.“ Во денешниот, вмрежен свет, тоа е особено изразено. Сè е поврзано и релативно лесно достапно, но токму заради тоа не можеме подолго време да го задржиме вниманието за некоја појава или некој производ.   
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија