X
 16.11.2016 Живот

Скандал во Франција! Уништени соништата на Никола Саркози за големото враќање на власт во Франција

Никола Саркози, кој  беше претседател на Франција од 2007 до 2012 година, и сака повторно да влезе во трка за оваа функција следната година, досега одрекуваше дека добил пари од Либија.

Никола Саркози

Деловен човек со француско-либанско потекло, потврди дека му предал на Саркози три ковчези полни со готовина што ги испратил поранешниот челник на Либија, Моамер Гадафи, за да го помогне финансирањето на неговата успешна претседателска кампања во 2007 година.

Во видео-снимката што беше објавена во вторникот на порталот Медиапарт, Зиад Такиедин признава дека им предал речиси пет милиони евра во готово  на Саркози и директорот на неговата кампања, Клод Гуанту. Средствата ги испратил поранешниот шеф на тајната служба на Гадафи, Абдулах Сенуси.

Советниците на Саркози сè уште не реагирале на овие нови информации.

Изјавата на Такиедин е објавена само неколку дена пред првиот круг предизбори на десниот центар, кога републиканците ќе го бираат својот кандидат за претседателските избори. Оваа снимка би можела да фрли сенка на последните денови од кампањата на Саркози.

„Зошто и како е можно таков човек да се бори за претседател на републиката? Францускиот народ мора да реагира. Тој ќе експлодира“, вели тој.

Адвокатот на Гуанту, Филип Буше Ел Гози, ги отфрла обвинувањата.

Француското обвинителство отвори истрага за поранешните обвинувања од Такиедин од 2013 година, но тој досега не кажуваше како биле префрлени парите, ниту пак директно го обвинуваше Саркози.

Такиедин изјави дека на 12 ноември дал писмен исказ пред судиите за трите трансфери на готовината во 2006 и 2007 година, и за средбите со Гуанту и Саркози.

Меѓутоа, истакнал дека не забележал дека тие ги прегледале ковчезите што ги оставил во министерството за внатрешни работи, затоа што во тоа време Саркози беше министер.

Либиски функционери од ерата на Гадафи, исто така тврдат дека го помагале финансирањето на предизборната кампања на Саркози.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот