X
 17.11.2016 Образование

Писмо од директор на училиште до родителите: „Кажете им дека без оглед на нивните поени, вие ќе ги сакате и нема да им судите“

Директор на училиште во Сингапур неодамна напишал писмо до родителите на своите ученици, што го трогна цел интернет. Тој изразил некои многу важни вистини, со цел да ги досегне дури и најтврдоглавите родители. Писмото е споделено од веб страната Bright Side.


директор


Драги родители,

Тестовите на вашите деца започнуваат наскоро. Знам дека сите сте навистина загрижени вашето дете да добие добри резултати.

Но, ве молам, сетете се дека меѓу учениците кои ќе полагаат тестови, постои уметник кој не треба да разбере математика.

Постои претприемач кој не се грижи за историјата или Англиската литература.

Постои музичар, чија оценка по предметот хемија нема никаква важност.

Постои спортист на кого физичката кондиција му е многу поважна од физиката и од образованието.

Ако вашето дете добива највисоки оценки тоа е одлично. Но ако тој или таа не добива добри оценки, ве молам не газете по нивната самодоверба и достоинство.

Кажете им дека е во ред. Тоа е само тест. Тие ќе бидат спречени од многу поголеми нешта во животот.

Кажете им дека без оглед на нивните поени, вие ќе ги сакате и нема да им судите.

Ве молам направете го ова и кога тоа ќе го направите, гледајте ги вашите деца како го освојуваат светот. Еден тест или лоша оценка нема да ги оддалечи од нивните соништа и таленти.

И ве молам немојте да мислите дека докторите и инженерите се единствените среќни луѓе на светот.

Со топли поздрави
Директорот
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование