X
 18.11.2016 Живот

Моќта некогаш не е доволна - Овие моќни владетели имале навистина бизарна смрт


Некои познати владетели умреле од труење со храна, други се убиени во крвав заговор, трет го каснал мајмун... Ви ги споделуваме најбизарните умирачки на познати кралеви и цареви од човековата историја.

1. Крал Џорџ Трети

Кралот Џорџ III

Кралот Џорџ Трети во 1756 година се разболел од специфична ментална болест, што му го уништила и физичкото и психичкото здравје. Некои историчари сметаат дека кралот боледувал од порфирија т.е. од болест на крвта која со текот на времето доведува до ментално заболување. Други, пак, верувале дека боледувал од некој вид манија, врз основа на описот на неговото однесување. Во последните години од неговиот живот, постојано халуцинирал и зборувал бесмислици. Пред смртта, Џорџ Трети плукал крв, а врз основа на анализите на сочуваните влакна од косата, се потврдило дека бил отруен со арсен.  

2. Александар од Грција

Александар од Грција

Александар е еден од владетелите од поновата историја на Грција. Владеел во периодот од 1917 до 1920 година и умрел од сепса предизвикана од угриз од мајмун. Тогашните весници ја опишале неговата смрт до детаљ. Смртта, сепак, го спасила од големи маки.

3. Адолф Фредерик

Шведскиот крал Адолф Фредерик

Шведскиот крал Адолф Фредерик живеел раскошно, оддавајќи се на телесни задоволства и особено на храна и пијалоци. Шампањ, кавијар, чадена харинга, јастог и разни слатки ја краселе неговата трпеза. Меѓутоа, умрел од прејадување после 14 изедени слатки печива.

4. Крал Едвард Втори

Крал Едвард Втори

Смртта на овој крал ја следат многу шпекулации. Тоа што останало да се прераскажува е случајот дека преку аналниот отвор му бил ставен жив жар што му ги оштетил внатрешните органи. Приказната толку ги интригира историчарите, така што некои почнале да порекнуваат дека кралот бил убиен. 

5. Чин Ши Хуанг

Чин Ши Хуанг

Првиот кинески цар кој ја основал „Војската од теракота“ умрел како последица на проголтување жива. Живата ја внел преку пилула што му ја дал лекарот, а за која се сметало дека ќе му го продолжи животот.

6. Вилем Освојувачот

Вилем Освојувачот

Умрел во 1087 година кога седлото од коњот што го јавал му се забило во стомакот од што му пукнале цревата. Раната му се инфицирала и починал од сепса.

7. Фредерик, принцот од Велс

Умрел во 44. година од својот живот, кога го погодила топка додека играл крикет. Добил силна треска и починал во 1751 година.

8. Римскиот император Клавдиј

Римскиот император Клавдиј

Во античките хроники пишува дека умрел од труење со печурки. Друг извор вели дека умрел од перото што му го забил во гркланот неговиот лекар. Главно, античките извори се согласуваат во едно – дека го отрула неговата жена Агрипина, која подоцна се изборила за власта на нејзиниот син Нерон.

9. Англискиот крал Хенри Први

Хенри Први

Синот на кралот Вилен Освојувачот, умрел на 68-годишна возраст под многу чудни околности. Наводно умрел од рејадување со јагули. Веднаш после оброкот му се слошило и починал во текот на ноќта, поради што се смета дека специјалитетот од овие водени паразити бил отровен за него.

10. Џејмс Први од Шкотска

Џејмс Први од Шкотска

Џејмс Први бил непопуларен шкотски крал од 15 век. Бил заробен од страна на Англичаните, па потоа вратен во Шкотска откако за тоа платиле откуп. Толку го разочарал својот двор што бил нарачан професионален убиец од страна на неговиот стрико. Кога насетил дека му се подготвува убиство, Џејмс се сокрил во тоалетот во своите одаи, но и таму убиецот успеал да го најде. Седумнаесет пати бил прободен со нож и оставен да искрвари покрај септичката јама. 
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот