X
 18.11.2016 Култура

Најмистериозната држава во светот која не можете да ја пронајдете на картата

Длабоко во џунглите на Југоисточна Азија на периферијата на Мјанмарт, постои неформална, но автономна држава со име Wa.

ва


Таа не и е многу позната на јавноста и посетители до неодамна доаѓале многу ретко. Ја нема на картата и ако побарате виза за да ја посетите нема да добиете. Имено, еден од нејзините службеници за BBC изјавил дека во Wa веруваат дека секој посетител е шпион. На новинарот на BBC што имал можност да го истражува местото, сепак му бил овозможен влез.

Новинарската екипа била темелно проверена од војници на Мјанмар, а во Wa биле пречекани од локални новинари. Населението од британските војници од времето на колонизацијата е запаметено како диво и бестрашно.

Блиски односи со Кина


Државата опфаќа површина од 17.000 км² и има околу 550.000 жители. Функционира како автономна држава од 1989 година кога склучила мир со тогашна Бурма. Најпрофитабилната кутура што се произведувала на тие простори е мак, од што се произведува опиум. Во почетокот на 90тите државата била водечки производител на опиум. Сега се произведува чај, кафе и каучук и сѐ што ќе се произведе се извозува во Кина. Државата е во поблиски односи со Кина отколку со Мјанмар: користи кинеска валута, мандарински јазик и во неа се застапени кинески компании. Таа ѝ нуди подршка за просперитет и развој, за разлика од Мјанмар, која не ја поддржува нејзината автономија.

мистериозна држава

Wa е еден од главните производители на метамфетамин пилулата или „јаба“, како што ја нарекува локалното население.

Во државата не е тајна и пазарот за делови од тело на загрозени животни: заби од тигар, слонова коска, кожа од ракови и сл. кои се популарни во кинеската медицина. Овој пазар локалните жители го прифаќаат како нешто нормално.

Оваа мистериозна држава има неограничени државни и меѓународни прописи со кои буквално може да прави што сака и нејзините граѓани немаат намера тоа да го менуваат.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура