X
 20.11.2016 Живот

Нашите деца повеќе не се наши - ниту ние ги познаваме, ниту тие нас...

deca

 

Некогаш секое семејство имаше најмалку три деца, а просекот беше околу четири. Семејствата имаа многу членови, а ги сочинуваа најмалку три генерации. Во домаќинствата децата од мали учеа за ред, толеранција, делење, чувство на припадност и мултидимензионално опкружување, а за совршен развој и да не зборуваме.


Децата учеа за одговорност и обврски, помагаа во домот во согласност со своите можности, а самото ниво на нивните можности подразбираше ефективна и одговорна работа низ игра. Немаше играчки како денес туку пред нивните очи и со нивно учество, родителите ги создаваа и тоа воглавно беа алатки кои имаа вистинска функција, или дрвени/шиени кукли за девојчињата. Децата уште од мали нозе учеа за семејството и човечките вредности, за оригиналноста, снаодливоста и независноста. Тие стануваа луѓе уште на 12-13 години.

Секоја птица од своето малечко веднаш прави одговорна, способна птица. Секоја волчица истото го прави и со своите чеда... секое суштество во природата го прави токму ова. А ние луѓето, современите луѓе, заслепени со трендовите, опседнати со материјализмот, немаме време за своите деца, немаме средства за повеќе од едно или две деца и како врв на се`, и покрај малку време кое можеме да го поминеме заедно, ги испраќаме децата во градинка.

Нашите деца се воспитувани најпрво од цртаните филмови, па интернетот и телевизијата, па предучилишните установи, па подоцна училиштето, улицата, општеството... Нашите деца повеќе не се наши - ниту ние ги познаваме ниту тие нас... Семејните вредности и чувството на припадност повеќе не постои, а зависноста и посесивните односи се се' повеќе присутни.

Оставете ги рекламите, ставете го сопствениот прст на челото и помислете со сопствена глава...

 

Автор: Драган Ступаревиќ


Извор: Зелена Учионица

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот