X
 20.11.2016 Живот

Постави нов светски рекорд во женска конкуренција, па открија дека е маж


Дора Ратјен

Хајнрих Ратјен, роден како Дора Ратјен, беше германска спортистка која се натпреваруваше за Германија во скок во височина во женска конкуренција на летните Олимписки игри во Берлин, 1936 година, каде заврши на четвртото место. Но, подоцна било откриено дека Дора е машко.

Во 1938 година, Хајнрих го постави светскиот рекорд во скок во височина на Европскиот атлетски шампионат, каде настапуваше како женско. Вистинскиот идентитет му бил откриен додека патувал со воз накај Келн.

Ратјен е роден во Ерихшоф, во близина на Бремен, во семејство на обични луѓе. Татко му, Хајнрих Ратјен, во 1938 година изјавил: „Кога ни се роди детето, бабицата ми довикна: ‘Хајни, добивте момче!’, но по пет минути се поправи и рече: ‘Сепак било девојче’“

После девет месеци, детето кое го крстиле Дора се разболило, а кога докторот  ги прегледал неговите гениталии, прокоментирал: „Тоа е што е.“

Дора, пак, во истата 1938 година, рекла: „Моите родители на свет ме донеле како девојче и ме облекувале во женски алишта во текот на целото мое детство. Но, на 10-11-годишна возраст, почнав да сфаќам дека јас сум машко. Меѓутоа, никогаш не ги прашав родителите зошто морав да носам женски алишта, иако бев машко.“

На 21 септември 1938 година, Ратјен се качил на воз од Виена за Келн. Кондуктерот ја известил полицијата во Магдебург дека на возот се качил „маж облечен како жена“. Непосредно после тоа, Ратјен бил симнат од возот и испрашуван од страна на полицијата. Тој им ги покажал документите во кои е заведен како жена, но по извесно колебање им признал дека е маж и им ја раскажал целата животна приказна. На местото бил повикан лекар и по извршениот преглед, било потврдено дека Ратјен е маж.
Лекарот ги опишал нетипичните полови карактеристики на Ратјен како крупни лузни од врвот на пенисот до задникот и додал дека со неговите гениталии е оневозможен да стапува во сексуални односи.
Спортистот бил уапсен и испратен во спортскиот санаториум Хохенлихен за натамошни испитувања, кои ги покажале истите резултати.

Кривичната постапка траела до 10 март 1939 година, кога јавниот обвинител ја изнел одлуката: „Измамата не може да се смета за смислена, бидејќи не постоела намера за остварување финансиска добивка.“ Дора им ветил(а) на властите дека се повлекува од спортот во истиот момент. 

Таткото на Дора инсистирал Дора и понатаму да ја третираат како жена, но на 29 март 1939 година му напишал порака на началникот на полицијата во Бремен: „Согласно  службената промена на документацијата во врска со полот на детето, барам да го промените името на детето во Хајнрих.“

Златниот медал што го освои Ратјен бил вратен, а неговото име било избришано од евиденцијата.

На натпреварувањето во Виена во рамки на Европскиот атлетски шампионат, Дора го освои златниот медал за германскиот Рајх, остварувајќи скок во височина од 1,70 метри, поставувајќи нов светски рекорд.        
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот