Пред 64 години, 12.000 луѓе во Лондон починаа од последиците предизвикани од „маглата-убиец“.
Иако можеби е чуден фактот што научниците ги истражуваат случувањата во атмосферата од пред 64 години, проблемите од минатото често можат да ги решат проблемите од денешнината, пишува Science Alert.
Таков е случајот и со новото истражување на универзитетот Texas A&M. Не само што успеаја да го решат мистериозниот случај од 1952 година, туку дојдоа и до откритија кои би можеле да бидат клучни во борбата против загадувањето на воздухот.
Маглата-убиец
Имено, во 1952 година во Лондон се појавила магла-убиец. Се спуштила над градот на 5 декември, а се расчистила четири дена подоцна. За време на маглата умреле 12.000 луѓе, 150.000 завршиле во болница, а смрт ги знашла и илјадници животни. Точните причини не беа познати сè досега.
Преку мерењата на составот на маглата во Кина и лабораториските експерименти на истражувачот Renyi Zhang и неговиот тим, била откриена и причината: азот диоксидот со хемиска реакција го претвора безопасниот сулфур диоксид во смртоносна сулфурна киселина.
Кина ја спасува компостот
„Знаевме дека сулфурот има важна улога и дека сулфурниот диоксид кој се создава со горењето на јагленот во фабриките и во домаќинствата се пртвора во сулфурна киселина. Но, не беше познато како точно доведува до тоа. Резултатите од истражувањето покажаа дека преобразувањето го поттикнува азотниот диоксид, што е исто така нуспроизвод од согорувањето на јагленот што бил присутен во маглата“, објаснува Zhang.
Нешто слично се случува и денес во најзагадените кинески градови. Единствената причина зошто таму не се појавила магла-убиец е амонијакот што го неутрализира процесот (и е присутен во атмосферата), благодарение на тоа што во Кина многу се користи компост. Маглата во Лондон била кисела, додека во Кина главно е неутрална. Се разбира дека ова не значи дека маглата е здрава, но во секој случај е помалку опасна од маглата-убиец.