X
 23.11.2016 Образование

УНИЦЕФ ќе инвестира во 40 нови технолошки идеи кои ќе им го олеснат животот на децата

Фондот за иновации нов начин на водење бизнис во ОН, комбинирање на пристапот на вложување средства на Силиконската долина, со потребите на земјите во програмата на УНИЦЕФ



Светската организиација УНИЦЕФ деновиве најави дека ќе инвестира со почетен капитал во технолошки стартап-фирми на новите пазари. Станува збор за финансиска поддршка на  технолошки решенија со отворен код, меѓу кои и алатки што ги подобруваат поврзаноста, собирањето податоци во реално време, технологијата за идентитет и учењето. УНИЦЕФ веќе даде поддршка на пет стартап кои ќе им го леснат животот на луѓето во сиромашните земји, а за идната година планираат поддршка на дополнителни 20 до 40 компании.

Според Синтија Мекефри, директорка на Канцеларијата за иновации на УНИЦЕФ, Фондот за иновации на УНИЦЕФ применува пристап на почетен капитал кон изворни решенија за прашања како што се транспорт, идентитет, технологија за носење, финансии и лични податоци. Таа додава дека Фондот за иновации нов начин на водење бизнис во ОН, комбинирање на пристапот на вложување средства на Силиконската долина, со потребите на земјите во програмата на УНИЦЕФ.
-  Со помош на 190 канцеларии и 12 илјади вработени во УНИЦЕФ, Фондот ќе ни помогне да ги пронајдеме и да ги поддржиме компаниите кои може да се превидат со традиционалните инструменти на инвестирање. Фондот ни овозможува да направиме прототип на технолошки решенија, како и да ги прошириме нашите мрежи на соработници што работат софтвер со отворен код, со цел да се подобри животот на децата - вели Мекефри.

Краен рок - 1 јануари

Крајниот рок за аплицирање е 1 јануари 2017 година. Информации за тоа кој може да аплицира и како да се достави писмо за намери се достапни на www.unicefinnovationfund.org.



Интересна е содржината на првите пет проекти чија почетна работа ја финансираше светската организација.
СејСел (SayCel) од Никарагва им нуди евтина мобилна конекција на заедниците кои не се приклучени на традиционалната информатичка мрежа во руралните средини. Тимот работи на подобрување на евтиниот GSM-комуникациски пакет со отворен код кој се користи за функционирање на мобилните мрежи во руралните региони. Со инвестицијата од Фондот за иновации, SayCel ќе го прошири пристапот до своето комуникациско решение во нови региони на Никарагва.
Следна е емПауер (mPower) од Бангладеш, која креира платформа за дигитален регистар преку кој се подобрува собирањето податоци и обезбедувањето здравствена заштита за мајките и децата. Инвестицијата од Фондот за иновации ан УНИЦЕФ ќе помогне да се прошири пилотирањето на OpenSRP-платформата за дигитален регистар која работи на таблетите на здравствените работници од руралните средини и им овозможува да ги подобрат собирањето на податоците и навременоста на здравствената заштита за мајките и децата.

Помош за татковците во Пакистан

9Нидс (9Needs) од Јужна Африка ги користи врзаните информации и напредокот во технологијата за идентитет и така создава подобри системи за управување со услуги на ран детски развој. Тие развиле авто-суверен систем за идентитет и склучување договори што дигитално ќе ги овозможи јужноафриканските програми за ран детски развој. Со помош на инфраструктурата на врзани информации и смарт-договори, системот ќе помогне да се зајакнат актуелните системи за регистрација, склучување договори, информирање и управување.



Лабораторијата на иновации за намалување на сиромаштијата во Пакистан, пак, креира приказни и информации кои може да се пуштат на обичен мобилен телефон. Така им помага на татковците (кои можеби се полуписмени) да ги поддржат своите семејства за подобро здравје на мајката и новороденчето. Татковците се информираат и се оспособуваат да донесат  побезбедни одлуки околу здравствената грижа за мајките, активно да ги поддржуваат бремените мајки при барање заштита и при подготовка за породување.
Петтата поддржана идеја е таа на Чатербокс (Chatterbox) од Камбоџа, која обезбедува основен технолошки слој кој треба да се интегрира во платформата RapidPro platform на УНИЦЕФ за се досегне до заедниците со ниска писменост, особено во Камбоџа, но со текот на времето да се прошири и глобално. Така ќе овозможи помалку писмени популации евтино да пристапуваат кон содржини без да мора да читаат СМС-пораки. Оваа технологија ќе биде вклучена во поголемиот RapidPro-пакет.
Подготвил: В.Ф

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование