X
 25.11.2016 Култура

Отворено писмо до општеството на 21 век: „Време е да станеме подобри луѓе“

Содржината е преземена од lifehack.org

Време е да се размисли како да го направиме светот подобар за генерациите што следат. До каде мислите дека дојдовме во 21-от век?

раце

До сега видовме за какви нешта сме способни: војни, геноцид, суровост со животните, злоупотреба на деца, полови и расни нееднаквости и разни злосторства. Вилијал Голдвин имаше право кога напиша дека човештвото секогаш ќе биде растргнато меѓу две спротивни сили: дивјаштвото и цивилизацијата. Многумина се надеваа дека оние како Мартин Лутер Кинг, Мајка Тереза, Нелсон Мандела, Далај Лама, Глорија Штајнман, Хари Хај и Рој Вилкинс покажат како да го оставиме во минатото сето она што не ставило во робство.

Во споредба со сите други проблеми со кои се соочува човештвото, купувањето можеби изгледа безначајно, но тоа е и нивната суштина. Стремежот на човештвото е да се оди кон индивидуализам и ослободување, но оној кој се спротивставува на општествените правила се соочува и со закани и злоупотреби.

Како дојдовме до ова? Кога деградирањето на другите почна да ни носи задоволство да бидеме супериорни врз другите, а да учествуваме во скандалите без мисла за тоа како тие го менуваат животот на личноста врз која штетиме?

Не дозволувајте да бидете она што не сте

Се чини дека престанавме да ги гледаме ефектите од нашите акции, доминоефектот кога избираме да собориме некој за да бидеме слободни индивидуи. Тоа сите го посакуваме, но ние сме толку зацементирани во системот со тоа што се обидуваме да ги импресионираме другите околу нас со изгледот, имотот или духовитоста, што дури сакаме да се надминеме и себе си. Лесно придонесуваме за ниската самодоверба на другите, за нивната депресија, самоубиствени мисли и обиди, за нивните стравови и вознемиреност, бес и нарушувања. Без сомнение ние сме во најлошата глобална состојба што човештвото некогаш ја видело. Преполни сме со омраза и предрасуди, себични желби и без мисли за тоа што би можело да му се случи на браќата и сестрите.

Промената е близу

Знате ли дека имате способност да му помагате и да ги инспирирате луѓето, да бидете благослов? Не дозволувајте оние кои не Ве разбираат да Ве променат. Постанавме општество што се храни на поразите на другите и за тоа не се ни грижиме.

На времето на злоупотреба, незнаење и рамнодушност му доаѓа крајот. Ќе има генерации што ќе го изберат прифаќањето наместо предрасудите и љубовта над омразата. Еволуцијата зависи од оние што ќе застанат, се менуваат на подобро и се борат за злоупотребените. Време е да станеме подобри луѓе. Само со нашата суштинска природа од која произлегува љубовта ќе може да изградиме подобра иднина за себе и идните генерации.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура