Историско значајно место кое го користеле британски генијалци кои разбивале кодови за време на Втората светска војна може да стане првиот национален колеџ за сајбер образование.

Во тек се плановите за обновување на напуштените згради во Блечеј Парк, каде математичарот Алан Туринг успеал да го разбие Енигма кодот на нацистите со што успеал да помогне во британските воени напори.
Бесплатното училиште треба да започне со настава во септември 2018 година и ќе биде подготвено да прими околу 100 студенти.
Колеџот ќе ги учи студентите на сајбер вештини, предизвикувајќи ги да станат врвни професионалци за сајбер безбедноста.
Проектот, откриен од страна на „Quafro“, е финансирано дел јавно и дел приватно, како дел од националниот план за воспоставување на центар за сајбер безбедност. Студентите ќе бидат избрани преку приемен испит. На колеџот, 40% од наставната програма ќе се состои од сајбер студии, додека останатите предмети ќе вклучуваат математика, физика и информатика.
„Нашето сајбер образование е комплексно, нецелосно и носи ризик да изгубиме цела генерација на талент. За сите оние заинтересирани за кариера во
сајбер безбедноста, моменталната патека е исполнета со одлични и различни иницијативи кои играат витална улога“, вели Алистар МакВилсон, претседател на „Qufaro“.
„Со поврзување на она што веќе постои, училиштето ќе им олесни на младите и надежни професионалци да ги подобрат нивните вештини во сајбер безбедноста во секоја фаза и како резултат на тоа да придонесат повеќе за овој сектор“, додава таа.
Колеџот ќе се наоѓа во Блокот Г на Блечеј Парк.
„Претходните генерации се горди на она што го постигнале токму на ова место. Едвај чекам да видам што ќе постигне новиот кадар“, вели таа.