X
 26.11.2016 Наука

Да не беше оваа жена, луѓето никогаш не би слетале на Месечината


Ретко кој чул за неа, а таа го промени текот на историјата. Маргарет остана во сенката на големите астронаути, а педесет години подоцна го доби највисокото цивилно одликување.


Маргарет Хамилтон

Барак Обама ги врачи претседателските медали на слободата во Белата куќа, највисоките цивилни одликувања кои се доделуваат на поединци за значајни придонеси за националните интереси. Во низата истакнати поединци беше и една 80-годишна жена. Нејзиното име е Маргарет Хамилтон, за многумина сосема непознато лице, но да не беше таа, историјата би имала поинаков тек.

Таа ја напишала програмската поддршка за мисијата од вселенската програма Аполо, а признанието доаѓа половина век подоцна. Нејзината програма помогна при приземјувањето на лунарниот модул со што се овозможи екипажот да се истовари на Месечината во 1969 година.

При врачувањето на наградата, Обама истакна дека Маргарет Хамилтон е „симбол на генерацијата  невоспеани жени која помогна човекот да го направи првиот чекор во вселената.“

По првото слетување на Месечината, во центарот на вниманието беа астронаутите Нил Армстронг и Баз Олдрин, но нивната слава не би била можна  да не беше Маргарет Хамилтон. Треба да се истакне дека таа ја напишала програмата рачно, без помош на компјутер.

Хамилтон го водела тимот од МИТ кој го креираше софтверот за мисијата на Месечината.

„Имаше многу повеќе мажи отколку жени во нашата професија, што и денес е случај. Жените отсекогаш биле малцинство, па и за време на Аполо мисијата, моите колеги, вклучително и тимот на инженери со кои заедно работевме. Кога одев во средно школо за софтверски инженеринг, се' уште не постоеше како поле на истражување, а исто така не постоеше можност да се земаат часови за програмирање. Кога почнав да работам на Аполо мисијата, атмосферата беше неформална, но сериозна. Тогаш софтверот се' уште претставуваше мистерија, црна кутија, и имавме целосна слобода. Бевме во вистинско време, на вистинско место“, раскажува Маргарет.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука