X
 26.11.2016 Живот

Викенд временска прогноза... Какво време да очекуваме во текот на наредната недела?



МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во сабота не очекува уште еден облачен и релативно топол ден за овој период од годината. Во утринските и претпладневните часови појава на магла и ниска облачност која во поголем дел од Македонија ќе се задржи во поголем дел од денот. Попладне и во вечерните часови во северозападните, западните и југозападните предели како и во областите околу планинските предели на Кожуф, Беласица и Малешевијата се очекуват слаби врнежи од дожд. Слаб ветер од променлив правец. Утринските температури од -1 до 6 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 8 односно до 14 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје во сабота во утринските и претпладневните часови појава на магла и ниска облачност, а попладне продор на облачна маса која ќе го продолжи облачното време. Слаб ветер. Утринската температура од 4 степени, а максималната дневна до 11 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во недела умерено облачно време со појава на повремени сончеви периоди и топло со максимални температури кои ќе се движат од 8 до 14 степени. Во понеделник умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд, додека над 1500 метри се очекуваат врнежи од снег. Во текот на денот продор на ладна воздушна маса од север, која ќе донесе засилен северен и студен ветер кој ќе услови осетен пад на температурите и спуштање на снежната граница и на пониските населени места, некаде до околу 300 метри. Максималните температури од 6 до 12 и во текот на денот ќе опаѓаат. Во вторник студено утро со утрински температури од -7 до 1 степен, во текот на денот претежно сончево со локална облачност, ветровито и студено со температура од 0 до 6 степени. Во среда во утринските часови појава на умерен мраз поради ниските температури од -9 до -1 степен, во текот на денот сончево и студено со дневни температури од 0 до 7 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во недела умерено облачно време со повремени сончеви периоди и температура до 11 степени. Во понеделник нестабилно време со врнежи од дожд, ветровито и студено, утринската температура околу 9 степени и во текот на денот ќе биде во опаѓање. Во вторник и среда по студените утра во текот на денот претежно сончево со локална облачност и студено време со температура до 3 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот