X
 28.11.2016 Живот

Од менување на пелени до бизнис идеја: Оваа мајка со оваа идеја заработила 20 милиони долари

Даниел Мичелс дојде до сјајна идеја за бизнис на основа на секојдневните обврски на секој родител и од тоа создаде интернационална компанија вредна 20 милиони долари. Мајката од Австралија се бореше да ја промени пелената на своето бебе во тоалетот на авионот во 2007 година, кога добила сјајна идеја, „паричник за пелени“.

Практичната торба со оригинално име содржи: влажни марамчиња за бебиња, подлога за преслекување на бебето, две пелени и два пара бебешки комплета за преслекување. Ова беше основа за создавање на компанијата наречена "B.BOX" која Даниел ја води со својата најдобра пријателка, Моник Филер.


Даниел Мичелс


Претходно и двете работеле во корпоративниот свет, но кога станаа мајки, тие сфатиле дека ќе поминуваат многу малку време со децата кога ќе се вратат на работните обврски.

„Знаевме дека животот кој го водевме пред породувањето не е нешто што го сакаме сега кога добивме деца. Мојот сопруг во тој период многу работеше, а ако јас се вратев на работа, никогаш не би ги гледала децата. Затоа помислив, ако веќе треба да работам напорно, ќе работам за себе“- изјавила Даниел.


торба за пелени


Иако немале никакво искуство во работа од индустријата со бебиња, Даниел и Моник се одлучиле да пробат да видат што ќе се случи. Секоја од нив вложила 50.000 долари за да го направат прототипот „паричник за пелени“.

Две години подоцна го лансирале својот производ. Денес имаат 15 производи кои се продаваат во Америка и Австралија, а се проценува дека нивната компанија вреди помеѓу 15 и 20 милиони долари. 


Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот