X
 28.11.2016 Живот

Прошталното писмо на Че Гавара до Фидел Кастро: „Во револуцијата или победуваш или умираш“

Че Гевара заминал од сите јавни функции и ја напуштил Куба - а на 3 октомври 1965 година Фидел Кастро го прочитал писмото испратено од Че Гевара и ја дознал причината позади оваа одлука.

 

1


„Фидел,

Во овој момент се сеќавам на многу работи, кога те запознав во куќата на Марија Антонија, кога ми предложи да се придружам, во тензиите во текот на подготовките.

Еден ден ме праша кого треба да известите во случај да починам, а реалната можност да се случи тоа влијае врз сите нас. Подоцна дознавме дека ова е вистина, и дека во револуцијата или победуваш или умираш (доколку е вистинска). Многу другари паднаа на патот кон победата.

 

2


Денес е се' помалку драматично бидејќи сме позрели. А фактот се повторува. Чувствувам дека го исполнив мојот дел од работата која ме поврзува со кубанската револуција на нејзина територија, па затоа ви кажувам збогум другари и вам и на вашиот народ, кој веќе стана мој.

Официјално се одрекувам од својата позиција во националното раководство на партијата, од позицијата министер, чинот командант и своето кубанско државјанство. Повеќе ништо правно не ме поврзува со Куба. Останатите врски се од друга природа и тие не можат да бидат раскинати како функцијата на која бев.

Повикувајќи се на својот досегашен живот, верувам дека работев доволно чесно и посветено на зацврстување на револуционерниот триумф. Мојот единствен сериозен пропуст беше тоа што немав поголема доверба во теме, во првите моменти во Сиера Маестро, што не ги увидов доволно брзо твоите квалитети на лидер и револуционер.

Помина величествени денови, а со тебе почувствував гордост која припаѓа на нашиот народ, во прекрасните но и уште потажните денови во текот на ракетната криза.

Ретко е некој државник толку одличен, како ти во текот на тие денови. Исто така горд сум што те следев без двоумење и што почнав да размислувам како тебе. Сега, на други народи е потребна мојата скромна помош. Имам можност да го направам она што тебе ти беше скратено, поради твојата одговорност како лидер на Куба, па дојде време да се разделиме.

 

3


Сакам да знаеш дека ми се помешани чувствата на тага и радост: овде ги оставам најчистите надежи како градител и оние кои ги сакам најмногу. Го оставам народот кој ме прифати како син. Тоа длабоко ме повредува. Верата на која ти ме научи на нови бојни полиња, го носам револуционерниот дух на мојот народ и чувството на исполнување од најсветата должност: да се борам против империјализмот каде и да постои. Тоа ме теши и ги лечи сите мои рани.

Уште еднаш морам да кажам дека ја ослободувам Куба од сите одговорности, освен од она што произлегува од нејзиниот пример. Ако последниот час ме затекне под друго небо, мојата последна мисла ќе биде за овој народ, а посебно за тебе. Благодарен сум за твоето подучување и твојот пример - ќе се обидам да му останам верен до крајните последици на моите дела.

Отсекогаш сум бил идентификуван со надворешната политика на нашата револуција, и тоа така ќе остане. Каде и да сум, чувствувам одговорност што сум кубански револуционер и така и ќе се однесувам. Не жалам што не оставив ништо материјално за мојата жена и деца. Среќен сум што е така. Не барам за нив ништо бидејќи државата ќе им обезбеди доволно за живот и образование.

Сакам уште многу работи да ти ги кажам тебе и на нашиот народ, но чувствувам дека не е потребно. Зборовите не можат да го искажат она што би сакал и мислам дека не е вредно да се кажуваат фрази.

Те прегрнувам со својот револуционерен ентузијазам,

Че“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот