X
 28.11.2016 Технологија

Прототип на батерија што се полни за неколку секунди и трае цела недела


Прототип на издржлиба батерија за електронски уреди

Големо откритие на научниците од американскиот Универзитет на Централна Флорида би можело конечно да ја отстрани најнепријатната работа поврзана со мобилните телефони – (пре)краткото траење на батеријата, пишува Engadget.

Според резултатите од истражувањето, објавени во научното списание ASCNano, научниците од Нанотехнолошкиот центар при UFC, развиле прототип на батерија што ќе работи како нова и после 30 илјади полнења. Што е уште подобро, со едно полнење батеријата би требало да издржи една недела, а полнењето би траело неколку секунди. 

За разлика од стандардните литиумски батерии кои се полнат со хемиска реакција, полнењето на батериите со помош на т.н. суперкондензатор што се заснова на графен, трае неколку секунди, бидејќи електрицитетот статички се напојува на површината на материјалот. Иако развојот на новата технологија уште е во рана фаза и далеку од комерцијализација, засега сè изгледа прилично ветувачки.

Веќе подолго време се знае за суперкондензаторите, но неколку години се истражува дали и како користењето наноматеријали може да ги подобри суперкондензаторите, за да може целосно да ги заменат класичните батерии во електронските уреди. Главниот проблем е што за снабдување доволна количина енергија, суперкондензаторот мора да биде значително поголем од постоечките батерии.

Покрај бројните најави на револуцијата во развојот на батериите, оваа технологија е исклчително важна, бидејќи има огромен потецијал. Во некоја идна перспектива би можела да овозможи поиздржливи батерии за електричните автомобили, смартфоните, со кои ќе можеме безгрижно да се оддалечеме од штекерите и уредите за напојување со електрична енергија, со што драстично би се намалила зависноста од фосилните горива.   

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија