Студијата објавена во списанието
Lancet Psychiatry тврди дека измислувањето на приказната за Дедо Мраз може да му наштети на односот помеѓу родителите и децата, што би довело децата да доживеат разочарување кога ќе ја откријат вистината.
Ко-авторот, Кети MекКеј, клинички психолог на Универзитетот Нова Англија во Австралија, вели: „Митот за Дедо Мраз е толку долготрајна присутна лага, меѓу родителите и децата, што ако врската е ранлива, ова би можело да биде конечниот удар. Ако родителите може да лажат толку убедливо некого подолго време, за што друго може уште да лажат ?“.
Главниот автор Крис Бојл, психолог на Универзитетот во Ексетер, рече неговата цел не е да го уништи Божиќ на оние кои веруваат во Дедо Мраз, но тој не се согласува со родителите, што ја користат приказната за „митското суштество".
„Некои родители ја користат приказната за Дедо Мраз како средство за контрола, кога се под притисок во пресрет на Божиќ. Тоа не е најдобриот метод на родителите. Зборувате за митско суштество кое одлучува дали децата ќе добијат подароци или не"- заклучува Бојл.
Детскиот психолог
Луиза Портер се согласува со она што експертите го велат во студијата, затоа што децата сега дознаваат порано дека тоа не е вистина. „Премногу рано може лесно да се изневери нивната доверба. Збунувачки е за децата бидејќи тие знаат дека светот е премногу голем за ова да биде вистина и се збунети при помислата дека возрасните ги сметаат за наивни“- изјавила Портер.
И покрај предупредувањата на експертите, Роси Меклинес, мајка вели дека нејзините омилени спомени биле од божиќните утра.
„Јас никогаш не сум се чувствувала огорчена и лута што моите родители ме лажеа за Дедо Мраз. Денес децата се опкружени со технологија и тие не си играат надвор како постарите генерации, а со тоа го изгубија дарот на имагинација и креативна игра. Што е погрешно во кажување на мала бела лага која инспирира имагинација и влева мала магија“- објаснува мајката.