X
 28.11.2016 Култура

Венко Андоновски: „Ниту еден од маркетинг лицата во Македонија не пронајде продукт во книгата“

Во преполниот кафе-бар “Мартини“ во Скопје изминатиот четврток се оддржа јубилејното 20-то по ред издание на најпопуларниот бизнис-нетворкинг настан во државава Бизнис Кафе Македонија.



Присутните имаа шанса да се запознаат и да слушнат искуства од тројца исклучително ценети професионалци: Венко Андоновски, Емилија Филдишевска и Николче Мицевски, мајстори на својот занает, кои споделија моменти од почетоците и развојот на своите професионални кариери и искуства како решавале определени предизвици кои им искрснувале на патот до успехот.

Професорот по книжевност на Филолошкиот факултет Г-дин Венко Андоновски, прозаист, драматург, филмски сценарист и критичар зборуваше за бизнис страната на неговата професија во Македонија, за тоа како една од неговите книги станала најпродавана и како љубовта кон пишаниот збор го мотивира да продолжи да твори и создава и покрај минималниот финансиски стимул кој се добива од државата.



Емилија Филдишевска, сопственичката на една од најголемите туристички агенции – Македонија Травел, раскажа за своите бизнис почетоци, за тоа како ги одбира своите вработени и што е она што ја мотивирало во моментите кога бизнисот не се движел во најпосакуваниот правец.

Г-динот Николче Мицевски, сподели за својата пасија за создавање уметност преку музиката, за тоа како некои дела својот сјај го доживеале после многу години откако биде создадени и за тоа колку и како продукциите се грижат за креирањето брендови во музичките води и целокупниот маркетинг настап.



По завршувањето на разговорот со гостите следуваше делот за нетворкинг меѓу присутните кој донесе многу нови познанства и најави за бизнис соработки што уште еднаш ја потенцираше важноста на ваквиот тип на неформални дружења. Главни покровители на 20-тото Бизнис Кафе Македонија беа: КД Фондови и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME) на Швајцарската агенција за развој и соработка(SDC), имплементирана од Swisscontact и PREDA Plus.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура