X
 29.11.2016 Живот

Нов тренд кој им помага на жените полесно да се породуваат

Повеќето бремени жени знаат дека породувањето со топка за вежбање може да го направи породувањето многу поудобно и може да помогне на карлицата да се подготви за породувањето.

Во повеќето болници на Запад се појави таканаречена кикиритка топка која во голема мера го олеснува породувањето на идните мајки. Мери Су, 30 годишна мајка од Модесто, Калифорнија, неодамна имаше можност да ја испроба топката кога се породуваше по четврти пат. Иако се пораѓаше приближно 36 часа, оваа мајка вели дека пораѓањето било многу полесно и пократко од третото пораѓање кое траеше околу 48 часа.


топка


Кикиритката топка е замислена пред се како топка за деца која помага за развој на фината моторика, а често може да се види и во физикалната терапија. Меѓутоа оваа топка многу добро се покажа токму во породилните сали.

Една од првите болниците во кои оваа топка е воведена во пракса е Универзитетскиот Медицински Центар Бенер во Финикс, САД благодарение на медицинските сестри, Емили Ботсиос и Кристина Taсеј кои дури и направија студија за нејзината ефикасност, која во 2011 година беше објавена во списанието за акушерство, гинекологија и неонатална нега.

Според нив, бремените жени може да ја наместат топката во повеќе различни положби, а таа навистина помага да се забрза раздвојувањето на карлицата и овозможува полесно да се одвива доаѓањето на бебето во светот, а ефикасноста е поголема ако се користи пред појава на првите контракции. Ако породувањето почне по користењето на топката уште за време на првите контракции, првата фаза на породување може да се скрати за дури 90 минути, а втората во просек за 22 минути.  

Освен тоа во болниците кои воведоа користење на топката во својата секојдневна рутина забележано е доста намален број на интервенции со вакум, а намелена е потребата за притискање на стомакот. Исто така користењето на топката кикиритка во голема мера ја намалува стапката за породување со царски рез.

Во 2015 година калифорниската болница спроведе уште едно истражување со кое било откриено дека кај 21 проценти од жените кои ја користеле топката не било потребен зафат со царски рез, додека кај 10 проценти морало да се примени.

Поради овие причини се повеќе и повеќе болници ја воведуваат употребата на топката кикиритка, а она што е важно да се напомени е дека таа мора да одговара на тежината и висината на трудниците, бидејќи премалата топка може да биде без ефект, а преголемата може да предизвика дополнителна болка.


Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот