X
 04.12.2016 Наука

Откриено неочекувано својство на водата - се смрзнува на 105 степени Целзиусови

Добро е познато дека на нивото на морето, водата врие на температура од 100 степени Целзиусови. Научниците долго време набљудувале како точката на вриење и смрзнување на водата се намалува за десеттина степени Целзиусови кога се наоѓа во затворен простор. Тим од Технолошкиот институт во Масачусетс открил потполно неочекувани промени : во најситните нанотуби од јаглерод чии димензии не се многу поголеми од неколку молекули на вода, таа течност може да премине во цврста состојба и тоа на температура на која вообичаено би вриела.


Откритието илустрира дека и некои сосема познати материјали можат да ги променат своите својства и однесување кога нивното опкружување се мери во нанометри, односно милијардити делови од метарот. Тоа откритие би можело да доведе до нова примена на водата.

Резултатите од истражувањето на кое работеле научниците Мајкл Страно и Кумар Агравал објавени се во списанието „Nature Nanotechnology“. Во еден нивен експеримент, водата преминувала во цврста состојба на дури 105 степени Целзиусови, а подоцна и на поголема температура.

Бидејќи таа „цврста“ вода не се „раствора“ се додека не се најде на температура многу поголема од точката на која вообичаено врие, би требало да остане совршено стабилна дури и на собна температура. Од неа потоа, би можеле да се прават „ледени жици“, кои би биле најдобри носител на протони, бидејќи водата ги спроведува протоните барем 10 пати поефикасно од типичните проводници.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука