Секоја држава е различна и секоја нација се разликува во нешто од другите. Мапата во продолжение ви ги прикажува земјите од светот и нивната карактеристика по којашто се препознатливи.
За жал, нашата земја ја нема, а нема и голем дел од земјите на Балканот. Причината за тоа, како што велат креаторите на мапата, е или бидејќи немало место или не можеле да пронајдат нешто за кое се најдобри.
Така на пример во Холандија се наоѓаат најголемите обожаватели на кафе, односно нејзините жители пијат најмногу кафе. Од Унгарија потекнуваат најдобрите порно ѕвезди, додека Хрватска е најдобра по трансплантација на бубрези. Соседна Бугарија е најдобра поради породилното отсуство што го нуди на мајките.
Што мислите вие, во што сме најдобри ние Македонците?
ТУКА можете да ја погледнете целата мапа.