X
 06.12.2016 Живот

Чудни авионски несреќи за кои е тешко да се поверува дека навистина се случиле

Некои авионски несреќи се толку бизарни што е тешко да се поверува дека навистина се случиле

Русија 1994 година: Пилотот дал на својот син и ќерка да управуваат со Airbus, при што загинале 75 лица

Јарослав Кудрински, пилот за Aeroflotova Airbus A310 им дозволил на својата 11-годишна ќерка и 16-годишен син да управуваат со авионот. Додека синот управувал, случајно го исклучил автопилотот што довело до губење на височината, а ко-пилотот не беше во можност да ја врати. Детската игра резултираше со смрт на сите 75 патници и членови на екипажот.


авионски несреќи


Конго 2010:
Поради крокодил во кабината, патниците во паника предизвикаа рушење на авионот во 2010 година, на летот од Киншаса до Бандуду. Еден од патниците во куферот прошверцувал крокодил што за време на летот излегол од куферот. Испаничените патници избегале на едниот крај на авионот, што доведе до нерамнотежа и пад на авионот. Сите дваесет патници и членови на екипажот загинале при падот на авионот.

Пакистан, 2010: Ги игнорираше предупредувањата и се урна во планина Пилотот кој на 28 јуни 2010 година управуваше со Airbus A321 на линијата Карачи-Исламабад поради лет со ниска надморска височина и лошите временски услови се урна во планина. Пилотот Первез Игбал Чаудри ги игнорирал предупредувањата на автоматскиот систем за безбедност на авионот, како и барањата на неговиот ко-пилот да го подигне авионот на поголема висина. Како резултат на неговата тврдоглавост животите ги загубија 146 патници и 6 членови на екипажот. Меѓу загинатите биле и пет деца и две бебиња.

Русија 2011: Пијан ко-пилот предизвикал несреќа

Пијаниот ко-пилот на 20 јуни 2011 година предизвикал пад на рускиот Tupoleva 134A на лет од Москва спрема Петрозаводск. Во несреќата загинале 47 патници и членови на екипажот, а на повредите подлегнале уште 3 луѓе, а само 3 преживеале.

Азербеџајн, 1997 година: Пукале во сообраќаен знак и срушиле авион

Во 1997 година враќајќи се од вежби, неколку војници од Азербеџајн почнале да пукаат кон сообраќаен знак. Во овој момент, во близина летал авион кој превезувал шест патници. Неколку куршуми го погодиле резервоарот за кислород што довело до пад на леталото кое се срушило и веднаш загинале сите шест патници.

Тенерифе, 1977: Пилот во магла слетал на Џамбо Џет, при што загинале 538 луѓе

Во март 1977 година, во Тенерифе дошло до судир на пистата на два Beinga 747, што резултираше со смрт на 583 патници и членови на екипажот. Со истрагата се утврдило дека се се одвивало лошо, од комуникацијата на пилототе, контролата на летот до временските услови. Дополнително дошло до многу промени, а најголема беше тоа што комуникацијата на пилотот и ко-пилотот станала стандардизирана со цел да се избегнат недоразбирањата.
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот