X
 06.12.2016 Живот

Голем број лажни вести на друштвените мрежи - уште поголем број на споделувања

Приказните кои беа во најголем дел објавувани на Facebook пред претседателските избори во САД, имаат фрапантна бројка на споделувања и лајкови. Анализа од Универзитетот на Јужна Калифорнија, изработена од компјутерски инженери, покажала дека на Твитер, речиси 20 проценти од твитовите поврзани со изборите, всушност биле ботови – компјутесрки програми кои пласираат лажни вести.


Ова претставува голем проблем, бидејќи огромен број на лажни вести кружат на друштвените мрежи, а бројот на луѓе кои ги читаат е уште поголем. Ова се случува за било каква светска тема, како што е глобалното затплување, употребата на вакцини и слично. Загрижувачко е тоа што повеќемината од нас веруваат на таквите лажни вести, и тоа за доста сериозни теми.

Голем број на истражувања покажуваат дека луѓето веруваат на вестите ако со нив се потврди нивниот постоечки политички став. Други пак истражувања, покажуваат дека доколку прочитаме некоја вест, таа останува во нашата меморија и потоа мозокот ја запомнува како вистинита, дури иако сме знаеле дека нешто не е во ред со тие информации. Таквото перцепирање се разбира дека влијае и на донесувањето на одлуки. 

Уште позагрижувачко е тоа што собираме неточни информации од фикции, како на пример новели. Кога читаме измислени приказни, ние не ги паметиме само фактите и занимливостите. Ги користиме деловите од информациите за преку дедукција да сфатиме како функционира светот, како на пример погрешно наведен Шерлок Холмс. И кога знаеме дека се работи за фикција, сепак тоа не помага.

Проблемот лежи во начинот на кој нашиот мозок формира сеќавања. Доколку една порака е почесто повторувана, толку е полесно за да биде запаметена. Кога е полесно да биде запаменета, тогаш мозокот полесно верува дека е вистинита. Заради ова и ефектот на социјалните медиуми е толку голем. Повторувајте една реченица многу често и ќе поверувате дека е вистинита.

Експертите сметаат дека луѓето треба многу да се потрудат за да се изборат со ваквото влијание. Додека читаат, освен што ќе запомант делови од иннформации, да запомнат и дека голем дел од нив се лажни. Проверувањето на информациите и истражувањето би можело да помогне иако одзема време. Решението за лажните вести е во нашиот мозок. Додека Facebook и Google се обидуваат да блокираат лажни вести со алгоритми, единствениот начин за корисниците да се справат со нив е да ги препознаат и да не ги споделуваат.  
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот