X
 08.12.2016 Култура

Богатство зад тајните врати во Оксфорд: Музеј со 500.000 чудесии


Музејот Пит Риверс е една од најинтересните туристички атракции во Оксфорд.

Музејот во Оксфорд

Триесет сантиметри долго завиткано парче од кожа од ајкула ја раскажува својата приказна. Пред повеќе од 240 години, на островот Тонга во Полинезија, ваквата кожа редовно се користела за измазнување на палки, чинии и други предмети од дрво, како што денес се прави со шмиргла.

Ова парче кожа има поминато долг пат. Денес се наоѓа во Англија, во музејот „Пит Риверс“, делејќи ја полицата со многу други предмети, собрани во текот на трите патувања на капетанот Џејмс Кук во 18 век. Оваа постојана поставка, отворена во 2016 година, е најновиот додаток на колекцијата која привлекува туристи од целиот свет.

Дури и самата локација на музејот е необична; до него се пристигнува преку скриена врата во Музејот за природна историја во Оксфорд.

Просториите во музејот се замрачени и исполнети со најнеобични експонати. Во него се сместени околу 400.000 артефакти, додека 100.000 се скриени од очите на јавноста.


При влегувањето во објектот, се добива впечаток дека влегвуате во некое необично депо од викторијанско време. Но, овој музеј е токму тоа. Го основал офицерот на англиската војска, Август Хенри Лејн-Фокс Пит Риверс, аристократ – вљубеник во етнологијата и археологијата.

Риверс бил пасиониран колекционер на егзотични и секојдневни предмети од сите краишта на светот, а кога бројот на предмети што ги поседувал достигнал 22.000, одлучил  да ги изложи пред јавноста. Музејот во меѓувреме станал некој вид неконвенционална галерија на три ката: складиште на бизарни и прекрасни предмети.


Она што го прави овој музеј необичен и единствен, освен осветлувањето, е и начинот на кој се изложени експонатите. Наместо да се класифицираат по старост или географско потекло, предметите се подредени според функцијата.

Главната замисла е да им се овозможи на посетителите да ги споредат предметите со иста намена од сите краишта на светот, како на пример, копја, кукли, украси за коса...




Почеток и крај не постојат, а колекцијата не е предвидена за една посета – тука би можеле со месеци да доаѓате секој ден и пак да откриете некое ново катче во кое се кријат безмерни реткости.

Под стаклените витрини се наоѓаат фиоки, предмети се закачени и на гредите од плафонот, а на ниво на статии, сместени се целосни изложби. Многу од написите кои ги опишуваат предметите  се напишани со рака. Станува збор за музеј  чие разгледување бара наведнување, клечење, лазење и воопшто – детално истражување.

Оксфорд, градот на Толкин и Луис Керол, отсекогаш бил посебно место. Далеку од ѕидините на Хари Потер, музејот на Риверс е уште еден сведок на неговата несекојдневна страна. На вас останува само да дојдете и да уживате во магијата.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура