X
 13.12.2016 Образование

Анонимна учителка: Се чувствувам престара во оваа работа во која сум заробена

На почетокот бев учителка со ентузијазам, но по 15 години се чувствувам исцрпено и потеценето. Можеби ова е работа само за млади лица

На прагот сум пред 40-тата година од мојот живот. Не можам да кажам дека сум среќна поради тоа. Овој роденден ме тера да го преиспитам мојот живот и мојата работа и сфатив дека никогаш не сум се чувствувала толку заробена во мојата работа.


учителка


Не ми е целта да се жалам. Јас сакам да предавам, но оној ентузијазам кој го имав кога почнав како наставник сега ми недостасува. И додека оваа работа не се промени, мала е веројатноста дека ќе се врати.

Кога започнав како учител, бев возбудена кога стоев во училница. Го сакав тоа. Работев вечери и викенди без престан. Ја испробував секоја нова идеја на предавање и измислував некои од нив. Бев лута на мојот сопруг кога велеше дека тој е љубоморен на моите ученици бидејќи како што тој велеше јас мислев на нив повеќе од било што друго. Кога ќе погледнам наназад, тој беше во право.

Потоа станав мајка. Оддеднаш немав време да планирам и имав многу малку време да спијам. Се чинеше како многу наставници достигнаа точка (не секогаш тоа беше резултат дека се родители) кога осознаа дека нивниот начин на предавање мора да напави компромис.

Но работата не запира овде. Тркалото на настава продолжува да се врти и стандардите стануваат поголеми и пореални. Помлади настаници влегуваат во професијата, а учениците прават споредба, менаџментот те споредува, сесиите за обуки вклучуваат „Брилијатни нешта што другите луѓе ги прават, а ти не ги правиш“.

Исто е и со онлајн форумите каде наставниците споделуваат ресурси и добри практики. Мислам дека ова е одлична идеја и убаво е што овие луѓе посветуваат време за да го споделат тоа знаење бесплатно. Но јас се чувствувам како најнесоодветниот наставник за само 10 минути откако сум на овие веб страни.

Друго нешто со учениците: тие никогаш не стареат. Секоја година нов клас на тинејџери пристигнува, но секоја година возрасниот јаз меѓу тебе како учител и помеѓу нив се проширува. На некој начин тоа е добро, да се биде постар значи да се има повеќе искуство и да размислувате повеќе за вашиот пристап кон работата. Но, може да се случи да се чувствувате како да стоите пред 24 вонземјани. И тоа чувство е посилно како што стареам.

Понекогаш се слушам себеси и сфаќам дека звучам како мојата мајка. Неодамна се обидов да употребам поп музика на еден час, но не сфатив дека таа музика е стара 5 години. Ми беше укажано од моите студенти дека музиката е стара.

Јас сум загрижена дека ќе станувам нерасположена стара жена. Ако вака се чувствувам сега, како ќе биде кога ќе имам 68 години? Се сеќавам на колега од почетокот на мојата кариера, изгледаше како да има 70 години и често приговараше во просторијата за наставници. Тој ги мразеше новите идеи и ги прекоруваше младите учители, како да беше еден од оние стари луѓе од „Мапет бебиња“. Сега се прашувам дали тој бил иновативен млад учител кој сфатил дека се сé одвива погрешно.

Дали воопшто ќе успеам до пензионирањето? Се прашувам колку учители на 40 годишна возраст ја напуштаат професијата поради тоа што нивниот младешки ентузијазам не е одржлив бидејќи не можат да работат секоја ноќ и секој викенд и да се прифати тоа како такво.

Тажната работа е што ние искусните учителки имаме огромен сет на вештини. Ние спречуваме мали и големи катастрофи секој ден, смируваме тешки ситуации без да предизвикаме немири и водиме разговори што имаат потенцијал да ги сменат животите на нашите ученици. Сепак ние работиме во систем што не тера да се чувствуваме потценето.

Што уште можеме да направиме? Претпоставувам ќе морам да продолжам да размислувам за тоа и да работиме на тоа. До моите колеги кои се на иста возраст како мене им порачувам: останете силни, се надевам дека ќе ве видам на другата страна.

Пишува анонимна учителка за Тhe Guardian.
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование