Во Шкотска во рамки на владиниот план за „генерација без тутун“ во сила стапи нов закон за забрана на пушењето во автомобил во кој се наоѓаат деца.
Според новиот закон кој стапи во сила на 5 декември полицијата која ќе затекне лице со запалена цигара во приватно возило во кое се наоѓаат малолетни деца ќе дава парична казна од 100 фунти на лице место. Доколку случајот дојде до суд казната
може да достигне и до 1000 фунти.
Законот беше едногласно усвоен од членовите на шкотскиот парламент. Новите мерки се воведени како дел од планот на шкотската влада за намалување на стапката на пушење на помалку од 5 проценти до 2034 година.