X
 14.12.2016 Култура

Овој остров во Европа, смеат да го посетат само илјада посетители годишно


Медитеранското море крие еден прекрасен остров, Монтекристо, идеално скривалиште на бесценети богатства. Легендите велат дека таму веќе е скриено огромно богатство, кое никој не може да го открие.


Поглед кон островот Монтекристо

Големиот француски писател Александар Дима го направи овој остров познат и славен, кога во 19 век го издаде романот „Грофот Монте Кристо“. Островот ја чува легендата за закопаното богатство, кое тука го закопал лично „Црвенобрадиот“.

Точната локација и содржина на скриеното богатство и натаму е мистерија, а гласините за островот како место каде е скриен пленот, почнале пред неколку стотици години, кога манастирот на островот почнал да стекнува големо богатство. Гледано од денешен аспект, тоа и не е така чудно со оглед што првата капела на островот е изградена во 7 век, а потоа многу богати семејства донирале средства за изградба на манастирот.

Островот Монтекристо одблиску

Сепак, постои верување дека „Црвенобрадиот“ во своите пљачкашки походи во 16 век, сите драгоцености ги скрил токму тука.

Само илјада туристи годишно имаат дозвола да го посетат остовот Монтекристо. Постојат и листи  на чекање, па тие што денес ќе се пријават, би можеле да го видат овој природен рај дури во 2019 година.

Островот Монтекристо

Во секој случај, остовот уште долго ќе ја чува легендата, а љубителите на приказни за скриени богатства, можат да ги читаат авантурите на грофот Монте Кристо во споменатото ремек-дело на светската книжевност.

Островот Монтекристо
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура