X
 15.12.2016 Култура

Филмови што може да ги гледате и дискутирате со вашите деца, тинејџери

Како тинејџерите да ги идентификуваат нивните силни страни и способности? Ќе се изненадите дека еден начин да се постигне тоа е преку филмските ликови. Во денешниот брз стил на живеење гледањето на филмови се сфаќа како алатка за здрав развој на младите. Но наместо тоа филмовите се гледаат само од перспектива за поминување на забавно време.

Но според книгата  Positive Psychology at the Movies, од Рајан М. Ниемиец и Дени Вединг, филмовите имаат потенцијал да понудат многу повеќе од забава. Тие буквално може да го обликуваат животот на младите луѓе. 


гледање филм


Ниемиец и Вединг тврдат дека човечките квалитети во филмските ликови, кои се појавуваат во приказната, обезбедуваат длабок психолошки пејзаж за учење. Тинејџерите учат да ги разберат основните човечки способности и да дејствуваат според нив со идентификување на овие квалитети во другите. Способностите како љубопитност, самосвесност, емпатија се лесно забележливи во психолошките слоеви во филмовите.

Кога тинејџерите ги препознаваат основните силни страни и способности во филмските карактери тие стануваат посвесни за силните страни кај самите себе. Гледањето на филмови со вашите тинејџери може да стане важна практика за развојот, особено кога родителите наоѓаат време да дискутираат со нив за значајните аспекти на филмот со своите деца. Премногу уморни по гледањето на филмот за да дискутирате? Планирајте време за тоа, на пример за време на вечерата следниот ден.

Дискусиите кои произлегуваат од гледањето на филмови заедно, не само што ја зголемува самосвеста кај децата, но исто така и кај родителите. Тоа е можност за родителите да ги споделат своите приказни поврзани со силните страни од карактерот на ликовите од филмот во дискусија, како и да ги слушаат приказните на своите деца. Во тој процес, семејствата стануваат се повеќе свесни за способностите едни кај други и како секој член на семејството ги користи тие способности секој ден. Родителите и тинејџери, исто така имаат можност да увидат кои способности би сакале да ги подобрат.

Филмовите, како оние наведени подолу во листата, често ја покажуваат улогата на менторите и другите системи за поддршка кон кои децата може да се свртат кон подобрување на нивниот живот.


филмови


Филмови кои можат да го дефинираат идентитетот на вашиот тинејџер

Филмовите од оваа листа се предлог-совети од Marilyn Price-Mitchell, психолог и истражувач, а содржат карактери на ликови кои се пример за основните човечки способности, вклучувајќи љубопитност, дружељубивост, стабилност, самосвесност, снаодливост, интегритет, креативност и емпатија. Гледајте го секој филм како фамилија, а потоа дискутирајте како нагласената способност била иснпиративна и демонстрирана од конкретните ликови во филмската приказна. Додека секој филм се фокусира на различни способности, осигурајте се дека дискутирате како овие основни способности често се меѓусебно поврзани и влијаат едни врз други.

Проширете ја дискусијата за другите поврзани силни страни на карактерот, како чесност, сочувство, храброст, тимска работа, праведност, простување, благодарност, надеж, хумор и лидерство. Поставете ги овие прашања за време на дискусијата: Што инспирира оваа способност во тебе и како си ја покажал оваа способност во последните месеци? Доколку сакаш да ја подобриш оваа способност, како може да го направиш тоа? (да нема предавање, туку слушање на тинејџерите што осознале) .

Овие филмови се рангирани со PG13 или PG што значи дека се најсоодветни за деца на возраст од 13 година и нагоре.

1. Алиса во земјата на чудата („Alice in Wonderland“, 2010) рангиран со PG (Љубопитност)

Преку последната верзија на класичниот филм, дискутирајте како судбината на 19 годишната Алиса беше обликувана од нејзината љубопитност. Како љубопитноста влијаела на нејзината самосвест, креативност и флексибилност?

2. Наоѓање на Форестер („Finding Forrester“, 2000) рангиран со PG13 ( Друштвеност, социјализирање)

Дискутирајте за карактерот на Шон Конери и врската кој тој ја развива со средношколец. Што тие научиле едни од други? Како дружењето влијаело на нивниот интегритет?

3. Китот Рајдер („Whale Rider“, 2003) рангиран со PG13 (Стабилност)

Дискутирајте за карактерот на Паи и како таа разви упорност да ги совлада животните предизвици. Како стабилноста и упорноста влијаеше на другите способности?

4. Seabiscuit (2003) рангиран со PG13, (Самосвесност)

Дискутирајте за тоа како Чарлс, Ред и Том развија самосвесност преку осознавањето. Каква улога само-свесноста играше во развивање на стабилност и инспирирање кај другите?

5. Здружението на мртвите поети (Dead Poets Society, 1989) рангиран со PG13 (Интегритет)

Дискутирајте за развојот на интегритетот кај Етан и како го трансформираше него и неговите соученици. Кои други меѓусебно поврзани способности се развија како резултат на искуствата на студентите?

6. Акела и пчелата (Akeelah and the Bee, 2006) рангиран со PG (Снаодливост)

Дискутирајте како Акела се стремеше кон своите цели и на кого таа се отвори за да добие поддршка. Кои внатрешни достигнувања таа ги стекна како резултат на тоа?

7. Животот е убав (Life Is Beautiful (1997), рангиран со PG13, (Креативност)


Дискутирајте за карактерот на Гвидо. Што ја поттикна неговата креативност и како таа беше прикажана? Колку неговите идеи беа оригинални и релевантни за неговата ситуација?

8. Говорот на кралот (The King’s Speech, 2010), рангиран со PG13, (Емпатија)

Дискутирајте за тоа као карактерите на Лео и Берти развиваа емпатија еден за друг. Кои стратегии Берти ги употреби за да ја пренесе својата перспектива? Како емпатијата на Лео и Берти влијаеше на оние околу нив?
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура