X
 19.12.2016 Култура

Туристичките слогани на секоја земја на заедничка мапа- Кој е слоганот на Македонија?

Едно од нештата што го прави туризмот забавен се слоганите кои земјите ги креирале за да се претстават себеси на туристите. Дали се забавни или глупави проценете сами. Се разбира на листата се наоѓа и слоганот на Македонија.

Еве дел од листата:


туристички слогани


Велика Британија: „Дом на неверојатни моменти“.

Канада: „Продолжи да истражуваш“.

САД: „Се во рамки на твојот дофат“.

Русија: „Откриј ја твојата Русија“.

Чешка: „Земја на приказни“.

Данска:„Најсреќното место на Земјата“.

Белгија: „Да се биде на вистинското место“.

Австрија: „Пристигни и оживеј“.

Холандија: „Оригинална кул“.

Исланд- „Инспирирани од Исланд“.

Турција: „Бидете наши гости“.

Словенија: „Ја чувствувам Словенија“.

Бугарија: „Откритие за споделување“.

Хрватска: „Полна со живот“.

Србија: „Моја Србија“.

Црна Гора: „Дива убавина“.

Албанија: „Одете на свој начин“.

Грција: „Цело време класика“.

Македонија: „Македонија Вечна“.

Босна и Хрцеговина: „Срцето на Југоисточна Европа“.

Полска: „Раздвижи ја твојата имагинација“.

Германија: „Едноставно инспиративна“.

Белорусија: „Гостопримливост надвор од границите“.

Словачка: „Патувајте во Словачка-Добра Идеја“.

Португалија: „Западен Брег на Европа“.

Јапонија: „Бесконечно откритие“.

Филипини: „Позабавно е на Филипините“.

Кина: „Кина каква што никогаш не била порано“.

Шри Ланка: „Чудото на Азија“.

Овде може да ја видите целосната мапа на која се прикажани сите земји.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура