X
 21.12.2016 Живот

Напиши во твоето срце дека секој ден е најдобриот ден во годината

Дали сте возбудени? Новата година е пред прагот и спремни сме да ја дочекаме со порака „збогум“ за минатата и прифаќање на новата. Ова е време кога ги поставуваме своите намери и цели за семејството за годината што не очекува. Ние го имаме она што ви треба. Ова се 14-те цитати за новата година за целото семејство кои ќе ви помогнат да го цените сегашниот момент.


Нова Година


„Човекот знае од секојдневниот живот дека постои за другите луѓе“

Еден од цитатите за Новата година за вашето семејство е да размислите за старата година, а кој е подобар да даде совет отколку големиот мислител и гениј Алберт Ајнштајн. „Без длабоко размислување човекот од секојдневниот живот знае дека постои за другите луѓе“. Ние сите треба да гледаме на начини да ги сакаме другите. Размислете како може да му служите на човештвото.

„Напиши во твоето срце дека секој ден е најдобриот ден во годината“

Писателот Ралф Валдо Емерсон напишал дека треба да го цениме секој ден. „Напиши го тоа во твоето срце дека секој ден е најдобриот ден во годината“. Ова не е само за вашата фамилија туку за сите. Напиши денес колку си благодарен за сите благослови што ги имаш.

„Среќата не е чувство“

Среќата не е чувство, таа е избор. Да се биде среќен мора да се избере среќата и да не се одговора на околноста која во сегашниот момент ја контролира вашата среќа. Евангелистот Џојс Маер рекла: „Ова е потсетник дека ние ја имаме контролата дали ќе бидеме среќни или несреќни“. Колку прекрасна лекција да споделите со вашата фамилија за новата година.

„Чувањето на лутината е како фаќање на жежок јаглен со намера да ја фрлите на некој друг, но на крај вие ќе бидите тој што ќе се изгори“

Ослебодете се од лутината и одлучете да простите. Овој поучен цитат за лутината е од Буда.

„Вашата работа ќе го исполни големиот дел од вашиот живот и единствениот начин за да бидите вистински задоволни е да го правите она што верувате дека е добра работа“


Ако барате поисполнета работа, основачот на „Apple“ еднаш рекол да не застанувате и да продолжите да ја барате се додека не ја најдете. Вашата работа ќе го исполни големиот дел од вашиот живот и единствениот начин за да бидете вистински задоволен е да го правите она што верувате дека е добра работа“. А единствениот начин да ја извршите работата на најдобриот начин е да го сакате она што го правите. Доколку не сте ја пронашле сé уште продолжете да барате. Како и за сите други нешта ќе знаете кога ќе ја пронајдите. Што може да биде подобро од пронаоѓање на вашата страст? Ова нека биде ваша цел за новата година.

„Не можам да го сменам правецот на ветрот, но можам да ги приспособам моите едра да стигнат до мојата дестинација“

Ова го рекол актерот Џими Дин. Ако сакате убав цитат за вашата фамилија ова ќе ве инспирира кога животот ќе стане тежок и ќе стане проблематичен. „Како што ја изразуваме нашата благодарност, не смееме да заборавиме дека најголемото ценење не е со изразување на зборовите, туку со живеењето“- рекол Џон Ф.Кенеди.

„Никогаш не се ограничувајте себеси“

Брус Ли сподели да не се ограничуваме себеси бидејќи последиците од ограничувањето ќе бидат вознемирувачки. Ако секогаш ставате ограничувања на се што правите физички или било што да е тоа ќе се прошири на вашата работа во вашиот живот. Не постојат граници. Постојат само висорамнини и вие не треба да останете таму, туку мора да поминете преку нив.

„Секој внатре во себе има парче со добри вести“

„Добрите вести се дека не знаете колку неверојатни можете да бидете, колку можете да сакате! Колку можете да постигнете! И кој е вашиот потенцијал!“- напишала писателката Ана Франк. Послушајте ја и ослободете го вашиот потенцијал за новата година.

„Не постојат грешки“


Ова го објаснила актерката Марла Гибс. Постојат причини што запознаваме одредени луѓе за време на нашите животи. „Јас вистински верувам дека се што правиме и дека секој што го среќаваме се наоѓа на нашиот пат со причина. Не постојат случајности. сите ние сме учители. Ако сакаме да посветиме внимание на лекциите што ги учиме, треба да им веруваме на нашите инстинкти, да не се плашиме да преземиме ризици и да чекаме некое чудо да затропа на нашата врата“.

„Се надевам дека милиони луѓе допрев со оптимизмот и желбата тие да ги споделат нивните цели, да работат напорно и да го задржат позитивниот став“

Поранештниот кошаркар Мајкл Џордан рекол: „Не заборавајте да работите напорно и да го задржите позитивниот начин на размислување. Се надевам дека милиони луѓе допрев со оптимизмот и желбата тие да ги споделат нивните цели, да работат напорно и да го задржат позитивниот став“.

„Било кој факт со кој се соочуваме не е толку значаен колку нашиот став кон него“

Норман Винсент Пеал бил американски министер и автор на книгата „Позитивно Размислување“. Тој вели вашиот став е оној што треба да се смени ако сакате да бидете успешни“. Ова го определува нашиот успех или неуспех. Начинот на кој размислувате за фактите може да ве порази пред да можете да направите било што во врска со нив. Вие го надминувате тоа со менување на начинот на размислувате.

„Вие не сте тука за да заработувате за живот“

Постои поголем повик во нашите животи напишал претседателот Вудроу Вилсон. Вие сте тука за да му овозможите на светот да живеете пораскошно, со поголема визија, со убав дух и достигнувања. Вие сте тука за да го збогатите ветот, а го осиромашувате ако заборавите на таа порака.“

„Ние сме учени: Ти мора да го обвиниш татко ти, сестра ти, брат ти, училиштето, наставниците-но никогаш самите себе“

Актерката Одри Хепберн препорачува дека мора да престанете да ги обвинувате другите за вашите недостатоци. „Ние сме учени: Ти мора да го обвиниш татко ти, сестра ти, брат ти, училиштето, наставниците- но никогаш самите себе. Никогаш не е твоја грижа. Но секогаш е твоја грижа, бидејќи ако сакате да смените нешто, вие сте единствената личност од која може да почнете“

Дозволете си да одите напред во оваа година со чувство на надеж и обнова. Не постои подобар начин да го направите тоа со колекција на убави совети кои порачуваат: Среќна Нова Година!
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот