„За да го учите своето дете на знаење, не треба употреба на сила, туку игра“-Платон
Играта е богатство за децата. Со играта го запознаваат светот околу себе, во него учат, но и преку неа се поттикнува развој, на умот, телото и душата. Играта е развој и развојот е игра. Родителите ретко кога избираат играчка која е добра за нивното дете и покрај огромниот избор што денес се нуди. Во продолжение ви нудиме насоки како да изберете соодветна играчка во склад со возраста на детето. Пред се треба да знаете дека играчката треба да привлече внимание, да го ангажира детето и да го повикува на акција, особено да стимулира развој во склад со она што за одредената возраст е важно.
Играчки за бебиња до една година
Во најраниот период пред бебето важна задача е да научи да следи со поглед, да пружа рака кон предметите, да фаќа со дланката. Освен тоа му годат звуци кои го смируваат, но и привлекуваат внимание, а со тоа и задоволство.
Играчките кои испуштаат мелодии и звуци се корисни за следење на погледот и смирување во најраниот период. Затоа овие играчки се многу важни. Тие треба да има пријатен звук, облик погоден за фаќање (топка, валјак и прстен) и мек дел бидејќи бебето многу брзо ќе го привлече со устата.
Со растењето бебето може повеќе нешта да направи, па и играта почнува да биде различна. Бебето разгледува, допира, става во уста, турка, фрла итн. Шарените гумени топки може да бидат вистински збор на забава, но и стимулатор на развојот. Можете да ги користите како поттик детето да се сврти од грб на стомак и на тој начин ќе се поврзува со нив, но подоцна ќе ги зема со рака, ќе ги фрла, ќе го набљудува нивното движење и ќе ја запознава големината на просторот. Малку подоцна тие топки може да се користат за детето да ги става во кутија и да ја празни. Детето ќе почне да држи предмети во двете раце и да ги судрува една со друга поради што е најдобро да бидат тоа дрвени играчки и коцки кои може да ги реди една врз друга.
Првите сликовници треба да имаат дебели и цврсти листови, а подоцна може да користат и потенки. Помеѓу 10-12 месеци се очекува појава на гест на покажување, кога со прстот покажува што сака или на деталите на предметите. Во тој период корисни се кукли бидејќи може да покажувате каде се очите, устата, носот.
Нова година, нови развојни задачи
Во периодот после 12 месеци детето ги има совладано одењето и исправувањето и тие стануваат главна активност. За стимулација можете да користите играчки кои се туркаат или влечат. Детето успева да фати голема топка која може да ја тркала и да ја фрла. На возраст после 18 месеци детето топката ја фрла со дланката нагоре, ја тркала и шутира. Коцките и понатаму се важни и интересни, детето гради кула од нив. Исто така ја полни кутијата со коцките, но и ги вади една по една.
Во овој период шарење со фломастери, четки, молив претставува пријатна активност за децата, а рацете може во склад со тоа да почнат да учествуваат во таквите активности. Едноставните сложувалки од два или три дела се исто така добар избор. Во овој период децата почнуваат со симболични игри, игри во кои детето ги имитира постапките на возрасните. Најчесто ја ставаат куклата да спие, ја хранат и слично.
Во третата година, созрева детето и созрева играта
Во оваа година детето ги сложува коцките и прави комбинација за да направи воз, кула и слично, прави форми од пластилин, сече со ножици, користи различен прибор за цртање (фломастери, водени боици, креди). Едноставните сложувалки се исто така привлечни за детето, како и покорисни.
Претшколски период- побогата игра со правила
Во периодот од 4 и 5 годишна возраст детето е доста развиено и полно со енергија. Погодни се игрите кои ја задоволуваат потребата со движење, возење тротинет, велосипед и слично. Се разбира топката и понатаму останува во игра. Но сега во играта детето поставува правила. Детето преку интелектуалниот, моторниот и говорно-јазичниот развој станува способно да учествува во видови на игра, да го следи редоследот на играње и правилата на играта.
За таа цел корисни се социјални игри како „Не лути се човече“, „Ризик“ и слично, како и домино, сложувалки итн. Покрај на правилата, детето преку овие игри се учи на упорност, прифаќање на порази и уживање во победата. Многу се и корисни играчките како микроскопи, ваги, магнети и други сетови за истражување, за кои детето е особено заинтересирано во претшколската возраст.
Важно е да се има на ум:
Технологијата ќе биде дел од животот на вашето дете, но таблетите и телефоните може лошо да влијаат на неговиот развој. Секогаш пред тоа насочете го на игра која содржи движење, креативност, бара внимание за друга личност.
Разговарајте за детето додека си играте, било да е тоа штотуку родено бебе или дете на предучилишна возраст.
Говорете јасно и со умерено темпо за да може да ве чуе.
Следете го интересирањето на детето и секогаш имајте на ум дека развојот подобро ќе го стимулирате ако го почитувате она што го интересира вашето дете.
За развојот на говорот важен е добриот говорен модел. Затоа нашиот совет е играчките кои зборуваат иако може да бидат многу корисни, користете ги дури кога детето ќе има добра основа за мајчиниот јазик.
Доколку ве повикува на игра, тоа значи дека детето ве повикува во својот свет. Знаеме дека имате многу обврски, но понекогаш и две минути на заедничка игра прави огромна разлика во однос на одбивањето.
Играта е показател на развојот, а ако отстапува од очекувањата тоа може да биде знак дека на детето му е потребна поддршка од експерт на полето на стимулација на говорот или психомоториката. Побарајте го нивното мислење и совет.
Некои играчки може да бидат корисни и стимулативни за развојот во текот на целото детство, доколку внимателно се приспособуваат на барањата кои пред детето се поставуваат. Една од нив е играта „Покажи и кажи“ која ги следи и го стимулира говорно-јазичниот, психо-моторниот и социо-економскиот развој од дванаесет месеци па се до 10 години. Со играта се поттикнуваат и вежбаат развојните задачи специфични за секоја возрасна група во тој опсег.
Наменета е за родителите кои почнуваат да учат со своите деца и сакаат да го прошират нивното знаење со помош на дефектолози, воспитувачи и наставници. Се состои од табела за игра, 50 картички со поими и упатства. Во неа се застапени седум граматички категории: овошје, зеленчук, делови на телото, предмети, животни, храна и цвеќиња. На секоја картичка се наоѓа илустрација со поими и прашања соодветни за нивниот развој. Прашањата се смислени во склад со занимањата кои детето треба да ги усвои за важните развојни задачи. На пример сликата куќа: „Што е тоа?“, „Покажи каде е куќата?“, „Која буква прво ја слушаш во зборот куќа?“, „Што прво ти доаѓа на ум кога ќе го изговорам зборот куќа?“, „Кој живее во куќата?“, „Каде ти живееш?“ Правилата на играта можете да ги одредите сами или во договор со детето, а во упатствата се наоѓаат примери на играње.
Детето на најмлада возраст од 12 месеци до 2 години низ оваа игра учи со показни гестови, работи на разбирањето и развива внимание. Преку играта се врши и говорна стимулација за развој на првите зборови. На средна возраст од 2 до 6 години за децата е корисно со игрите да учат нови поими и на тој начин да го збогатат својот речник и да го прошират знаењето за тие поими. Исто така проширување на реченицата и учењето на граматички категории придонесува за подготвеност за препознавање на буквите, учење на броеви.
За постарите деца од 6 до 10 години корисни се игри преку кои ги учат буквите, вежбаат фонемски слух, усвојување на анализа и синтеза на гласови во зборови, го богат речникот, вежбаат вербална меморија, аудативно внимание, конкретно и апстрактно мислење и креативно размислување.
Преку овие игри децата ги вежбаат сите основни ментални функции (визуелна и аудитивна перцепција, внимание, памтење и мислење), но и развиваат важни социјални вештини. Учат толеранција, го чекаат својот ред во играта, ги контролираат своите импулси и емоции, учат истрајност, да прифатат пораз и да уживаат во победата.
Пишува
д-р Наташа Д. Чабаркапа, логопед